ИТНА ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА – СЕ АПСАТ ЧЛЕНОВИ НА РАКОВОДСТВОТО НА „ЛЕВИЦА“

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

здравко2

Утрово, членот на Президиумот на Левица – д-р Здравко Савески е повикан на информативен разговор во Полициската станица „Пролет“ (Кисела Вода), по што е приведен и истиот ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија во предистражна постапка, со барање за определување на мерка притвор.

Напоменуваме дека за уште тројца наши членови на највисоките раководни партиски органи им се стигнати покани за информативни разговори! Настаните за кои тие се теретат се поврзани со масовните протести кои ги иницираше движењето #Протестирам, кои се развија во т.н. Шарена револуција, кои почнаа по срамната и противправна аболиција на Претседателот на РМ. Нашите членови беа и ќе бидат во првите редови на протестите.

За нас, ова е очајнички обид на криминалната власт да се пресмета со нашата Партија, по минатонеделните вакви најави од одредени приврзаници на режимот, и обид преку ширење страв да се задушат антирежимските протести.

Заради ова, закажуваме прес-конференција за денес (понеделник, 25 април 2016 год.), со почеток во 13:00 часот пред Кривичниот суд во Скопје, на која ќе се обратат претставници на Президиумот на Левица.

Истовремено, ги повикуваме и сите слободоумни граѓанки и граѓани да се приклучат кон организираниот отпор против овој автократски режим и преку помасовно присуство на протестите заедно да се избориме за ослободувањето на нашата Република!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ