ПРЕЗИДИУМ


Президиумот на Левица е главниот политичко-егзекутивен, односно извршен орган на Партијата, кој функционира како колективно претседателство, т.е. полит-биро.

 

Президиумот е составен од пет до девет рамноправни членови со императивен мандат, делегирани од страна на ЦК и тие можат да бидат отповикани во секое време – со апсолутно мнозинство гласови.

Мандатот на членовите на Президиумот, по правило, трае четири години, односно за време меѓу два редовни Пленума – со неограничено право на реизбор.

Президиумот работи на седници кои, по правило, се одржуваат најмалку еднаш неделно.

Одлуките на Президиумот се донесуваат со апсолутно мнозинство гласови.


емаил: contact.prezidium@gmail.com


Актуелни членови на Президиумот на Левица се:


Димитар Апасиев (1983, Велес) – доктор на правни науки. Тој е долгогодишен политички активист на ДСП „Ленка“. Работи како вонреден професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право.


Хактан Реџеп Исмаил (1988, Скопје) – магистер по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Долгогодишен активист и основач на „Движењето за социјална правда Ленка“, живее и работи во Скопје.


Борис Крмов (1981, Штип) – историчар на уметност. Има студирано историја на уметност со археологија. Работел од струка како ликовен критичар и теоретичар до градежен работник. Еден од поновите кадри формирани во Левица. Борец за социјална правда. Од 2020 е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.


Јована Мојсоска (1992, Струга) – дипломирана на Факултет за безбедност и финансиска контрола. Основач и член на повеќе иницијативи за заштита на животните и животната средина.


Бранко Ристов (1986, Скопје) – дипломиран економист. Активист во бројни иницијативи. Советник на политичката партија Левица во општина Карпош.


Гораст Муратовски (1994, Скопје) – математичар и програмер. Активист за работничка и социјална правда. Основач и уредник на електронското гласило „Антропол“.


Сенада Ибраимова (1985 , Штип) – дипломирана новинарка на факултетот за Комуникации при Универзитетот „Еге“ во Измир, Турција. Активист во Движењето за социјална правда „Ленка“, еден од иницијаторите за формирање и основач на политичката партија Левица. Покрај политичкиот активизам во организација, работела како новинарка, била дел од неколку филмски продукции на документарен филм со социјални теми, како асистент на режија, фотограф и сценарист, а работи и превод на литературни дела од турски на македонски јазик.

 

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e