Реакција по повод т.н. „марш на ангелчињата“ во Битола

ana-slika2

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Република Македонија е секуларна држава според нејзиниот устав. Спроведувањето на религиска пропаганда во училиштата се коси со секуларната уставна определба на државата. Во оваа држава религиозната определба е по слободна волја при што секој има право на своја определба, а сите сме должни туѓата определба да ја почитуваме и прифатиме. Воведувањето на ваква пропаганда во образовните установи, одредена религија ја поставува на ниво на официјална религија, што претставува уривање на принципот на секуларност како уставна категорија.

Во изјавите на децата, јасно се гледа религиската пропаганда која се врши во рамки на предметот „Етика на религиите“, што е противуставно. Концептите кои провејуваат низ изјавите на децата, концепти кои тие деца не ги разбираат и оттаму не можат самостојно да расудат, посочуваат дека постои „правилна“ религија т.е. православното христијанство и други „погрешни“ религии. Тоа кај овие деца во подоцнежната возраст може да доведе до етикетирање според религиска припадност, религиска нетрпеливост поради тврдењето дека различниот од нас е „грешен“ што произведува религиски фанатизам, нетолерантност кон другиот и негово непочитување, а со тоа и непочитување на разликите.

Затоа сакаме да ги повикаме наставниците по овој предмет да внимаваат на што ги учат децата за доброто на сите нас, бидејќи иако наставниците имаат своја религиска определба тие се должни да го почитуваат уставот на Република Македонија како нејзин највисок правен акт, а со тоа да ги почитуваат од нив различните и да ја почитуваат секуларноста на оваа држава, во спротивно нека бидат свесни дека тоа е кршење на уставот. Ги повикуваме директорите на училиштата да бидат совесни и свесни за последиците кои ваквите маршови можат да ги донесат, а оттаму да не дозволуваат вакви настани да бидат организирани. Ги повикуваме сите родители да не дозволуваат нивните деца да бидат злоупотребувани за цели на религиска пропаганда, а воедно ги охрабруваме да преземат мерки против таквата злоупотреба. Го повикуваме минстерот од надлежното министерство да внимава што се се случува под негова капа, наставните планови по предметите се должност на Министерството за образование и наука, па оттука тие се одговорни дали во предметните програми ќе се почитува уставната определба за секуларност, а за што со дадениов настан има сериозни индикации дека не се почитува.

Како за крај, сакаме да нагласиме дека Република Македонија е земја во која се испреплетуваат многу вери и националности. Во оваа насока, сметаме дека е неопходно да се престане како со религиската така и со националистичката пропаганда од сите страни, за да можеме да изградиме општество во кое секој ќе се чувстува дека е дел од него, без оглед на небитните поделби кои само го антагонизираат народот.

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ