Покана за прес – Средба со Комората на извршители

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес во 13.30 часот Иницијативниот одбор на Левица ќе одржи прес конференција пред Комората на извршители на Република Македонија која се наоѓа на ул. „Илинденска” бр. 60/002, во близина на Владата на РМ.
 
По добиената возвратна покана за средба од страна на Комората на извршители на РМ (КИРМ), претставниците на нашиот правен тим на денешната средба ќе ги посочат нотираните проблеми во праксата и ќе предложат сет мерки за кои ќе бараме од КИРМ, во нивните понатамошни преговори со Министерството за правда, да бидат инкорпорирани како дел од важечките законски прописи, а се во насока за надминување на натрупаните проблеми во врска со неправичното, присилно извршување кое безмилосно и континуирано се спроведува врз неимотните граѓани.
 

Повеќе информации на јавноста околу исходот од средбата ќе и’ бидат презентирани на самата прес конференција.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.


ИО „Левица“
25.XII.2015 
11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ