Поддршка од Левица до ОХРИД ЅОЅ!

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве преку постови на социјалните мрежи Граѓанската иницијатива ОХРИД ЅОЅ упати драматични апели врска со закажувањето на Јавна расправа за предлог-измените на планот за управување со Националниот парк Галичица за периодот 2011-2020, закажана за 4-ти јануари што се коси со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес.

Левица солидаризирајќи се со ОХРИД ЅОЅ во нивната битка за спречување на реализацијата на еден мега-проект на владата чија реализација би претставувала досега најголем и непоправлив еколошки злочин врз природата во земјата, укажува и на тоа дека овој проект на владата, на кој до сега во јавниот дискурс практично никој освен ОХРИД ЅОЅ не му обрнува внимание, по својата налудничавост, а особено по еколошките последици, го надминува размерот на последиците од „Скопје 2014“.

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ