Изборите во април можат да бидат вовед во отворена диктатура!

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица ќе ги бојкотира изборите на 24 април, ако до нив се дојде во вакви услови. Во моментов нема услови за фер избори, затоа што нема изгледи да бидат исполнети три неопходни претпоставки:

  • прочистување на избирачкиот список;
  • елиминирање на партиските влијанија во медиумите;  
  • спречување на злоупотребите на јавната администрација и јавните финансии за предизборен маркетинг.

Оттука, ако се одржат избори во април, режимот ќе ги добие и нив, исто како што ги добиваше сите претходни, што може да претставува вовед во отворена диктатура. Левица нема да биде дел од такви мрачни сценарија!

Членовите на Левица беа и остануваат против договорот од Пржино. Цело време истакнувавме дека тој нема да резултира во фер избори. Постојано потенциравме дека договорот е скроен на таков начин што ќе му овозможи на режимот да остане на власт, преку разни опструкции. Имајќи предвид дека до него се дојде на недемократски, неинклузивен и нетранспарентен начин, не сме изненадени од ваквиот развој на настаните. Договорот од Пржино всушност го отсликува држењето во заложништво на државата од страна на  четирите партии потписнички. Оваа ситуација е резултат на старата политика, која е затворена, нетранспарентна и водена од лични и теснопартиски интереси, а не од желбата да им се служи на граѓаните.

Агонијата предизвикана поради договорот од Пржино ја отсликува и потребата од нова политика, политика која тргнува од интересите на народот, која сака да го слушне неговиот глас, која не е калкулантска, туку е бескомпромисна, политика која е водена од принципи и идеали. Амбицијата на Левица е да биде носител на оваа нова политика. Затоа, ние во наредниот период ќе продолжиме да работиме, преку практикување на ваквата политика на дело. Наместо да молчиме и да ја трпиме неправдата и тиранијата, ќе градиме вистинска алтернатива, рака под рака со обесправените, користејќи ги сите средства за борба!

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ