Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Да се здружиме во име на борбата против неправдата!

Левица се приклучува на повикот на движењето Протестирам за денешниот протест во 18:00 часот пред Специјалното јавно обвинителство.

Аболицијата на политичарите обвинети за криминални дејствија, влучително и изборни криминали и прислушување, која вчера ја објави лицето Ѓорге Иванов, освен што е противправна, е уште една потврда дека институциите во оваа држава одамна не функционираат.

Во таква ситуација, илузорно е излезот од кризата да се бара во рамки на институциите.

Eдинственото што им преостанува на граѓаните е да излезат на улица и таму да се изборат за правда.

Затоа, ги повикуваме сите наши членови, симпатизери, другари и другарки и сите граѓани и граѓанки на оваа држава, кои не можат да ја трпат неправдата која ни се нанесува со години, да излезат денеска на протест, во 18 часот, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје и да го дадат својот придонес во момент кога Републиката и општото добро се загрозени!

Да се здружиме во име на борбата против неправдата!

Се гледаме на барикадите!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Најнови објави