Секој ден е 1-ви мај!

11201621_10153010831699355_7096632569424601246_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

1-ви Мај е денот кога работничките и работниците обично се присетуваат на состојбата со нивните права. Тоа е денот кога се сеќаваме дека минималната плата во Македонија е 8050 денари, што е помалку од 40% од просечната, со што е една од најниските во Европа. Тогаш се сеќаваме дека минималната плата во текстилната и кожарската индустрија, каде повеќето од вработенте се жени е неправично поставена на пониско ниво од онаа за останатите дејности. Тоа е денот кога се сеќаваме дека работничките права во Македонија се едни од најниските во Европа и дека тие континуирано се кратат од страна на секоја нова влада. На 1-ви Мај се присетуваме и дека и оние права кои работниците ги имаат, честопати се кршат, во отсуство на реакција од надлежните институции, кои би требало да ги спречуваат таквите тенденции. Конечно, на 1-ви Мај се потсетуваме дека во Македонија секоја година околу 40 лица умираат од повреди стекнати на работното место, што процентуално гледано е највисока стапка во Европа.

Не треба да биде вака! За состојбата на трудот треба да се зборува секој ден, не само на 1-ви Мај. Секој ден треба да се бориме минималната плата да биде повисока (и еднаква за сите дејности), работничките права да се зголемат, да се спречи нивно кршење, да се воведат мерки за подигнување на степенот на заштита од повреди при работа.

Левица тоа го прави. Левица отворено застанува на страната на работничките и работниците и им порачува дека сега и тие имаат партија која ќе се бори за нив.

Истовремено, ги повикуваме и охрабруваме работниците да ги кренат главите и да ѝ се спротивстават на неправдата. Заедно да се избориме за похумано и социјално праведно општество!

Ќе победиме!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ