Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Парцијалните победи се недоволни, сакаме целосно враќање на демократијата

    Граѓаните на Македонија покажаа со каква сила располагаат! По еден месец континуирани протести, исклучително масовни, ширум Македонија, конечно го принудивме режимот на одредени отстапки. Театарот закажан за 5 јуни веројатно нема да се случи. Собранието ќе мора да ја повлече одлуката за одржување избори на тој датум.

    Левица ги поздравува сите граѓани на Македонија што се вклучија во борбата за слобода и им честита на истрајноста и посветеноста! Покажавме дека заедно сме посилни, покажавме дека заедно можеме да успееме! Но, истовремено предупредуваме дека борбата не е завршена. Не смее да дојде до опуштање, не смееме да ја повториме грешката од лани, кога се понадевавме дека меѓународниот фактор ќе ни ја заврши работата за нас. Ова е наша најголема прилика да ја вратиме демократијата, но можеби и наша последна прилика. Тоа не смееме да го изгубиме од вид.

    Повлекувањето на одлуката за избори на 5 јуни е само едно од нашите барања. Нема да се задоволиме само со тоа, нема да запреме на тоа! Левица целосно ги поддржува барањата на Граѓанското движење „Протестирам“ и особено бара под итно, без никакво одлагање, како знае и умее, таканаречениот Претседател на РМ, персоната која ја срамоти функцијата Претседател на РМ, целосно да ги повлече аболициите со цел да се врати владеењето на правото во земјата и оние што сториле криминални дела да ја добијат заслужената казна.

    8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

    Најнови објави