Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Поддршка за штрајкот на УПОЗ!

Левица застанува во потполна поддршка на штрајкот на вработените во судската администрација организиран од страна на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација.

Повикуваме на вклучување на утрешниот протест (8 јуни) пред Министерството за правда, со почеток во 11:00, како кулминација на штрајкот, кој трае веќе 17 дена.

Штајкот е резултат на незадоволство на вработените од игнорантскиот однос на Министерството за правда и Судскиот буџетски совет кон барањата содржани во предлог-спогодбата што им беше доставена од страна УПОЗ. Со предлог-спогодбата, меѓу другото, се бара доделување додатоци на плата од 35% на штрајкувачите, како што тоа го добиле судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници. Во основа, шрајкот е насочен против очигледната дискриминација на судските службеници во однос на судиите и јавнообвинителските службеници.

Ги осудуваме сите притисоци што изминативе две недели се вршат врз штрајкувачите со цел да се разнебити единството и упорноста на штрајкувачите и повикуваме на солидарна поддршка на утрешната протестна демонстрација на решеноста да се издејствуваат барањата на вработените.

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Најнови објави