Ниедна војска не извојувала победа над храбриот народ!

ivanov-620x412

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Г-не Ѓорѓе Иванов,

Со вашиот последен говор ѝ дадовте на знаење на целата македонска и светска јавност дека комплетно ја деградиравте функцијата Претседател на Република Македонија и сте станале само еден обичен гласноговорник на осомничениот за тешки криминали, поранешен премиер, Никола Груевски. Сега е јасно дека, освен царот, и неговиот дворски шут е гол!

Вашиот говор кој не доликува на еден претседател изобилуваше со етикети, теории на заговор и паушални обвинувања. Провиден е вашиот обид да го засените успехот што го извојуваа граѓаните, протестирајќи против вашите незаконските и криминални помилувања на политичари, осомничени за тешки криминали.

Се заканувавте дека ќе ја употребите дури и војската ако наводно тоа биде потребно за да ја “смирите кризата“. И да сакате, формално правно не можете тоа да го направите без Собранието да прогласи воена состојба со 2/3 мнозинство. Но, уште позначајно, не заборавајте – НИЕДНА ВОЈСКА НЕ ИЗВОЈУВАЛА ПОБЕДА НАД ХРАБРИОТ НАРОД КОЈ Е ЦВРСТО РЕШЕН ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КРИМИНАЛНИОТ И АВТОРИТАРЕН РЕЖИМ!

Народот е разбуден и близу е денот кога ќе ги прати во заборав таквите политичари ко вас, г-не Иванов! Правдата кај нас можеби е бавна, но ќе ги стигне сите политичари-криминалци бидејќи разбудениот народ нема да се помири со ништо помалку од тоа!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ