Режимот на критиките возвраќа со насилство

гоце2

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица најостро го осудува инцидентот во кој еден наш член, заради критика на парадирањето на поранешниот премиер Н. Г. во поплавените подрачја, е физички нападнат од човек од неговата придружба.

Воедно, Левица ја оценува како бесрамна реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во која нашиот член се нарекува провокатор на СДСМ и во која отсуствува осуда на физичкиот напад извршен во присуство на лицето кое е на чело на нивната партија.

Многу членови на Левица се на терен и им помагаат на граѓаните погодени од поплавите и од негрижата на режимот. Нашиот член кој беше нападнат е еден од оние наши членови кои најмногу се вложуваат во помагањето на жителите на погодените села. Нека лицето Н. Г. земе пример од него, нека престане да парадира и нека даде конкретна помош. Воедно, Левица упатува повик до сите политичари да престанат со сликањ
ето во поплавените подрачја. Помошта е најискрена кога е анонимна, а не кога се разгласува на сите фанфари.

Денешниот физички напад е само уште еден од низата напади на режимот против Левица. За време на протестите апсеа наши членови и вршеа физички напади врз наши другарки. Против двајца наши членови сè уште се води кривична постапка за учество во протестите. Но, едно ќе му порачаме на режимот: нема да нè застрашите, нема да нè замолчите! Левица храбро гази напред!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ