Само монструми можат да наредат уривање на парк во ситуација на поплави

bager2

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица остро го осудува обидот на општина Карпош да продолжи со уривањето на паркот во Тафталиџе. Сметаме дека само монструми без емоции и памет можат да наредат нешто вакво во ситуација кога државата е погодена од најголемата катастрофа во последните 50 години. Наместо да се уништува паркот, за да се направи плоштад на негово место, работниците и механизацијата треба да се пратат да помагаат во поплавените места, на кои им се заканува хуманитарна катастрофа!

Освен заради тајмингот, намерата на општина Карпош да изгради плоштад наместо постоечкиот парк во Тафталиџе е проблематична и заради самата своја суштина. Уништувањето на зеленилото кое го прави власта изминативе 10 години е директна причина за катастрофалните последици кои врнежите ги причинуваат, како и за рекордната загаденост на воздухт во Скопје. Затоа, узурпацијата на зелените површина во цело Скопје мора конечно да запре!

Дополнително, целата постапка е спроведена на нетранспарентен и избрзан начин и не одговара на потребите на граѓаните. Во ниеден момент не е направена анкета за мислењето на граѓаните, ниту елаборат за влијанието врз животната околина.

Заради сево ова, Левица бара под итно да сопрат градежните работи околу плоштадот, паркот да се врати во првобитна состојба, работниците и градежните машини да се пратат да помагаат за санирање на последиците во поплавените подрачја, а парите наменети за изградба на овој плоштад да се пренаменат за помагање на погодените граѓани од поплавите. Доколку ова не се случи, му порачуваме на градоначалникот дека ќе одговара за своите нехумани и подли постапки.

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ