Атанасовска: Каде се работничките права?

9098e9d50e3f1d6abcc53d16b5917af3

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Достоинството е над смртта. Но, каде е достоинството на работникот?

9098e9d50e3f1d6abcc53d16b5917af3

Чикаго, 1886 година – околу 200.000 работници излегуваат да се борат за своите права.

Македонија, 21 век – константно кршење на работничките права.

Правилата на глобалната економија треба да бидат насочени кон подобрување на правата, благосостојбата, безбедноста и можности за луѓето, семејствата и заедниците низ целиот свет.“ – Светската комисија за социјална димензија на глобализацијата, 2004

Живееме во земја каде работничите права се непознати за работникот. Работникот е без достоинство, правда, еднаквост, сигурност… Кога Кочо Рацин би бил жив би се срамел од тоа дека сè она што пишувал припаѓа токму денес, во ова време и во неговата сопствена земја. Ништо не е променето од она што тој го доживувал и пренесувал на хартија. Веројатно е само полошо. Текстилните работници се крајно експлоатирани, а за тоа никој нема слух. Имаат неисплатени плати, неплатени придонеси, неисплатен регрес за годишен одмор, неисплатени прекувремени работни часови за кои не се ни зборува дека постојат, смртни случаи на работното место за кои никој не одговара како и ситуација кога дел од опремата за работа, којa според законските одредби мора да биде обезбеденa од работодавецот мораат да ја купуваат со свои пари. Немање заштита при работа и мизерни услови во кои ги исполнуваат работните обврски. Понижување, мобинг, одземање на секое работничко право се дел од секојдневието на македонскиот работник. Постои агенда за пристојна работа на Меѓународната организација на трудот, но очигледно таа намерно е заборавена, односно за Македонија е непозната. Каде се новите работни места кои на работникот ќе му претставуваат задоволство, а не мачење и каде е почитувањето на меѓународните стандарди на трудот? Стандардите создадени како оснава за работникот како човечко суштество.

За сите добиени податоци најчесто стои анонимен работник што укажува во какво општество живееме. Особено видлив е стравот од нефункционирањето на трудовата инспекција односно корумпираноста и неажурноста на истата. Од друга страна, таканаречениот синдикат нема слух за работниците. Синдикатот во нашава земја исто како да не постои додека претседателот на ССМ Живко Митревски укажува како постојано се зголемуваат и заштитуваат работничите права. Срам, понижување и целосна лага. Почитуван претседателе, сигурна сум дека и самиот добро знаете дека сите вакви ваши изјави не се вистина и дека и самиот не верувате во истите. Можам да се согласам само со едно, а тоа е дека не толку често добивате барања за помош во однос на кршење на работничките права само затоа што работникот е свесен дека нема заштита, а тоа е исто како синдикат да не постои. Синдикатот кој треба да биде независен и во постојана борба за сè поголеми работнички права, a во нашата земја како постојано да се бори за намалување на истите и само одработува за партиски цели и интереси. Истиот е уништен. Кој одговарал за смрт на работник на работно место? Каде е трудовата инспекција? Што работи?

Жалам што во денешно време во сопствената земја сè повеќе чувствувам дека сме пролетери отколку работници. Секој има еден живот, а со самото тоа и една шанса за достоен живот. Само слободниот работник може да победи. Стравот и угнетеноста го ставаат во позиција да се бори за преживување, но не и да живее. Ќе има борба, ќе победат работниците и со тоа ќе имаат достоен живот, но и чиста совест за идните генерации. Ќе чекориме заедно за достојна работа, за достоен живот и за работа која ќе е задоволство, а не измачување за преживување. Работници, заедно ќе победиме! Ќе имаме силен синдикат кој ќе се бори за секое право и ќе го штити работникот! Тоа ќе е наша парола под која ќе чекориме заедно. За секој „синдикалец“ кој се бори само за лични, партиски или било кои други интереси, а не за правата на работникот и неговиот достоен живот ќе нема место во вистинскиот синдикат. Без работничката класа нема опстанок, нема напредок, нема општество.

Работници, заедно ќе се бориме за достоен живот!!!

Атанасовска Ивана,
Член на ЦК на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ