Покана за прес – Штрајк во Леарница: газдите рамнодушни, институциите глуви, а работниците без плати

learnica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во среда, 14 септември, во 13.30 часот Левица ќе одржи прес конференција во Жена Парк, пред Собранието на Република Македонија со цел да се запознае пошироката јавност со проблемите со кои се соочуваат работниците во МЗТ Леарница, кои веќе речиси еден месец штрајкуваат за одбрана на своето достоинство и права.

На прес конференцијата ќе биде прикажана ужасната ситуација со работните услови во МЗТ Леарница, последиците од неисплатата на плати и придонеси по работниците и ќе биде повикан матичниот синдикат на работниците во МЗТ Леарница, СИЕР, да се ангажира во организирање на штрајк на солидарност во оние фабрики во кои има синдикални организации. Воедно, ќе и’ биде изразена целосна поддршка на синдикалната организација во МЗТ Леарница во нејзината борба за одбрана на правата и достоинството на работниците.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ