Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Жаклина Анастасова – Злоупотребена безбедност

    На 29.09.2016 година во Домот на АРМ во организација на Балканскиот форум за безбедност, се одржа панел-дискусија на тема „Безбедноста во програмските определби на македонските политички субјекти“, на која учество зема и Левица, претставувана од членката на ЦК на партијата, Жаклина Анастасова. Во продолжение можете да го прочитате нејзиното излагање на панел-дискусијата:


    Безбедносната ситуација во Р. Македонија може да ја разгледаме од два аспекта: безбедност во буквална смисла на зборот и социјална сигурност.

    Во последните месеци и неколку години, сведоци сме на злоупотреба на безбедносните сили: полицијата и војската, кои со целокупниот свој потенцијал (луѓе и опрема) се во служба на замолчување на граѓаните кои мирно на улиците протестираат, заради тоа што оние кои треба да спроведуваат правда бесрамно и бескрупулозно ја кршат. Неприфатливо е против голораки граѓани, лесно облечени, да се испречат специјални единици во полна опрема за справување со вооружени терористи и возила вооружени со снајпери и топови кои се користат на граница кога има закана однадвор.

    Згора на тоа, претседателот кој има мандат како врховен командант на војската да обезбеди безбедност на граѓаните од закана од надвор, тој се дрзна да ни се заканува дека ќе ја употреби истата за да се справи со нас под изговор дека сме во конспирација со некоја само нему позната шпионска групација.

    14543597_10210552932248754_1110806374_n

    Од горе кажаното произлегува дека Р. Македонија се соочува со опасност внатре и тоа од оние што се задолжени да ја спроведуваат и кои ги разгоруваат меѓуетничките односи. Според тоа нема никаква основа нашето зачленување во НАТО, заради немање мандат да се вклучат во внатрешните конфликти на државите членки. НЕ ЗА НАТО!

    Вториот аспект, социјалната сигурност на граѓаните уште поизразено е загрозена. Во услови на најголем процент на невработеност во Европа, покрај сите шминкања, бришења од евиденција поради еден ден задоцнета регистрација, небришење на фирми кои со години се во регистерот за бришење, не остварување на правото на плата за сработена работа на огромен број вработени, безмилосно се трошат огромни пари издвоени од наши џебови за да се прикаже дека „Македонија вработува”. Вработените се до постојана закана, што со мобинг или лично укажување дека ако не извршат нешто за лично богатење на газдата, менаџерот, министерот… ќе бидат избркани од работа. 200.000 вработени во реалниот сектор кои хранат 200.000 административци и 300.000 пензионери се игнорирани, експлоатирани безмилосно, приморувани да работат постојано во трета смена, без остварување право на годишен одмор, К-15 , здравствено осигурување.

    andrej-2

    Апсурдноста е дотолку поголема што со годините наназад се сече гранката на која седиме. Наместо да се отвораат капитални објекти фабрики од внатрешен потенцијал, им се овозможува на сомнителни оф-шор фирми дополнително да го експлоатираат трудот на нашите вредни работници и згора на тоа се рекламира како Македонија „продава ефтина работна сила (робови)”. ОВА ПОД ИТНО МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!

    Да резимираме. Безбедноста во државата е длабоко поткопана. Крајно време е да си ја повратиме. Бидејќи закана по безбедноста од надвор нема, парите што се наменети за интеграцијата во НАТО, да се пренаменат за зајакнување на социјалната безбедност на граѓаните.

    Жаклина Анастасова
    Член на ЦК на Левица

    8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

    Најнови објави