Левица со нови локални ограноци

15890_10209474751609703_3012317991642697433_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Посветени на нашите идеи, принципи и заложби, Левица од нејзиното формирање активно работи на терен и секојдневно се среќава со граѓаните кои пројавуваат интерес за приклучување на нашата партија, со цел ширење на мрежата на локални ограноци и подобрување на партиската инфраструктура во пресрет на предвремените парламентарни избори. Токму затоа, со задоволство би сакале да известиме за трите новоформирани локални ограноци на Левица во општините Струга, Кавадарци и Ѓорче Петров. Во иднина продолжуваме со нашата работа и средби со граѓаните со уште позасилено темпо.

Доколку сакате да се придружите  и да го дадете својот активен придонес за општество засновано на слобода, рамноправност, солидарност, социјална правда и демократско управување на средствата за производство пополнете ја онлајн ПРИСТАПНИЦАТА и во најскоро време очекувајте да бидете контактирани од некој од нашите локални координатори. Сите заинтересирани лица може дополнително да се запознаат со Левица и преку нејзината ПЛАТФОРМА, СТАТУТ и ПРОГРАМА.

Верувајќи дека промената зависи од политичкoто учество на секој поединец ние порачуваме дека нашиот ангажман ќе ги надмине типичните партиски рамки на дејствување. Во таа смисла, ние се бориме за интересите на угнетените и ја цениме улогата на секој поединец како општествен чинител. Во духот на максимата дека нема права без обврски, ниту обврски без права, убедени сме дека таков свет може да се оствари само ако луѓето сами ги контролираат своите постапки и ако активно се вложат во создавањето на општество базирано врз тие вредности.

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ