Левица Кавадарци: Културната стагнација кај младите мора да престане

slika3

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Положбата на младиот човек во нашиот град веќе долго време е на незавидно ниво, имено покрај економската зависност и социјалната изолираност, младиот човек во Кавадарци се соочува со потполна културна стагнација. Во нашиот град едноставно не постои институција која би ги задоволувала и развивала културните потреби на младите во него, институција која би била водена од младите луѓе и ќе функционира за младите луѓе. Наместо тоа градот се соочува со затворени, корумпирани, непрофесионални, неинклузивни и недолични културни институции, кои на културните потреби на младиот човек одговараат со шунд (квази) култура која најчесто е мотивирана од партиски интереси или од потреби за лично богатење на управувачите на институциите.

Во ситуација во која не постојат општествени сегменти кои ќе работат на културна еманципација и надоградба на младиот човек, ние секогаш ќе се соочуваме со безнадежност, неиницијативност, декадентност, иселување и склоност кон ниски потреби (дрога, алкохол, криминал) кај младиот човек, патем она што всушност денес го доживуваме.

Водени од идејата дека младиот човек е иднината на едно општество, и дека од него единствено зависи економскиот и културниот, односно сеопштиот развој на градот, локалниот огранок на Левица ќе се залага за:


– Приспособување на постоечки јавни објекти за функционален Младински културен центар. (Пр. објектот на поранешна Ла Луна)
– Ослободување на јавните површини, и финансирање јавни настани на истите.
– Протерување на криминалните структури кои денес управуваат со културните институции во градот.
– Вработување на млади лица во сите општински сектори.
– Општински стипендии за развивање на културата.
– Поврзување на општествените области кои го опфаќаат животот на младиот човек.
– Зголемување на финансиите кои се одвојуваат од буџетот за култура, и нивна праведна распределба.
– Поттикнување на кооперативност и колективен дух во младинските акции.
– Отварање на нови концертни сали и галерии, за промоција на трудот на младите уметници.

На фотографиите е прикажана денешната состојба на поранешниот популарен ноќен клуб Ла Луна. Овој објект денес е во општинска сопственост, и многу сликовито ја открива грижата на актуелната локална власт кон младите во градот.

 

                               slika3 slika2

                               slika1 sliak4

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ