ПОКАНА ЗА ПРЕС – СУДЕЊЕ НА МАРИГЛЕН ДЕМИРИ

geni

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Почитувани новинари и претставници на медиумите,

денес (22 ноември 2016 г.) во 12:00 часот во Основен Суд 1 во Скопје е закажано рочиште за судење на нашиот другар и сопартиец Мариглен Демири – Гени.

Притисокот на власта кон членовите на Левица продолжува и непосредно на самиот почеток од изборната кампања. Мариглен Демири – Гени кој е обвинет за учество во протестите на т.н. „Шарена револуција“ се наоѓа на второто кандидатско место на листата на Левица за изборната единица бр. 1.

Левица и нејзиното раководство како и досега нема да потклекне пред овие подмолни притисоци од страна на репресивните апарати на државата. Секој наш член ќе биде бранет како симбол на нашата кауза за слободно и праведно општество. Во оваа наша мисија ги повикуваме сите граѓани и другари да го кренат својот глас и да ја поддржат Левица во борбата со неправедните судови и судии кои се само еден од приврзоците на оваа криминална власт.

Прес-конференцијата на која ќе се обратат членовите од раководството на Левица ќе се одржи денес (22.11.2016) пред Основниот Суд 1 во Скопје во 12:00 часот.

Ви стоиме на располагање за повеќе информации.

baner

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ