Покана за прес – Продолжува судскиот прогон на Савески и Куновски


Почитувани новинари и претставници на медиумите,

Политичката партија „Левица“, ќе одржи прес конференција по повод продолжување на судската кривична постапка против нашите членови од највисокото партиско раководство, кои се обвинети за учество во толпа при демолирањето на Канцеларијата на Претседателот на РМ, на овогодинешните априлски протести против контроверзната и противправна аболиција на лицата од власта осомничени за тежок криминал и корупција.

Судењето и голготата низ правосудните лавиринти на членот на нашиот Президиум – д-р Здравко Савески и членот на нашиот Централен комитет – Владимир Куновски продолжува утре (четврток, 1 декември 2016 год.), со почеток во 10:00 часот, во Основниот суд Скопје I – Скопје. По тој повод, закажуваме прес конференција за медиумите пред одржувањето на рочиштето.  

unnamed