ИСКРА ВО МРАКОТ!

baner

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Реалноста пред претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 11 декември 2016, паѓа во сенката на една од најдлабоките општествени, економски, политички и правни кризи од осамостојувањето на Републиката. Од една страна, ваквата тажна македонска реалност е дериват на една сурова транзиција проследена со социјална нестабилност, сиромаштија и бесперспективност; a од друга страна, кризата е резултат на некредибилните државни институции и на неодговорните јавни функционери кои се олицетворение на една криминална владејачка класа – која безмилосно стреми кон тоа целосно да ги присвои заедничките добра, притоа штитејќи сè со огромни законски привилегии и имунитети.

Околностите во кои се наоѓаме бараат брза и одлучна политичка акција за конечен пад на Режимот и ослободување на Македонија од канџите на груевизмот! Секој сериозен и прогресивен човек има граѓанска должност да придонесе во борбата за слобода од мафијата и домашниот окупатор. Ако сакаме подобра иднина на нашите потомци, не смееме да правиме компромиси со идеалите за кои гинеа нашите предци. Меѓу другото, ова е и наша историска шанса да ставиме крај на „изборот“ помеѓу две зла и конечно да го избереме Доброто!

15178981_1393667070673522_1364910393399291719_n

Левица е нова, атипична партија која е вистинско освежување на нашата неинвентивна политичка сцена. Составена е од образовани, неискомпромитирани и храбри луѓе кои беа први на улиците и барикадите кога тоа беше најпотребно и кои покажаа како се дава отпор пред налетот на полициските кордони. Ние, иако млади, имаме долгогодишен стаж на практикување разни форми на политички активизам преку макотрпна теренска работа низ неколку левичарски здруженија, синдикати, протестни движења, неформални групи и граѓански иницијативи. Затоа Левица, по многу нешта, е поразлична од сите други вообичаени партии кај нас – бидејќи ја градевме оддолу-нагоре. Левица нема лидер, нема спонзор, нема багаж од минатото!

Нашите членови, кои во голем број и самите потекнуваат од работнички семејства, искрено веруваат во идеалите за кои се борат. Тие на овогодинешните масовни протести – со срце, пркос и борбеност – покажаа како треба да се принесе лична жртва за општото добро. Скоро половина од луѓето во нашето највисоко раководство се апсени, притворани и кривично судени заради својата антирежимска политичка активност. Оваа репресија доволно говори за потенцијалот со кој располагаме. Токму затоа што имаме што да кажеме и да понудиме, одлучно и непоколебливо продолжуваме понатаму! Без страв, со голема посветеност и со разумен оптимизам веруваме дека на овие значајни избори, заедно со вас, ќе се избориме за една подобра и просперитетна Нова Македонија. На овој плебисцит од историско значење за судбината на нашата земја, ти можеш конечно да ставиш крај на ова лудило! Давајќи го гласот за Левица, за прв пат, гласате за една сосема Нова Македонија од која децата нема да сакаат да бегаат, туку во која ќе сакаат да останат; за една Нова Македонија во која законите ќе важат за сите, а правдата ќе Изборна програма на Левица – 2016 4 го стигне секого; за една Нова Македонија ослободена од стегите на корумпираните политичари, олигарсите и транзициските профитери.

15253414_1379182348761428_8464230479502854693_n

Со ваша помош, искрено веруваме дека преку нашите пратеници, како идни предлагачи на добри и правични закони во Собранието на РМ, можеме да се избориме за целосна стабилизација на оваа ненормална состојба во која сме принудени да преживуваме, а не да живееме како луѓе; дека можеме, за релативно кратко време, да ставиме ред во безредието и закони во беззаконието; дека можеме да се избориме за суштинска демократизација на сите сфери на општественото живеење; дека можеме да се избориме за правна сигурност и економска благосостојба на нашите семејства; дека можеме да се избориме за претворање на државните институции во одговорни јавни служби кои ќе бидат слуги на граѓаните, сервисирајќи ги нивните секојдневни потреби.

На овие судбоносни избори за нашата иднина и иднината на генерациите што доаѓаат, Левица ќе настапи самостојно и е убедена дека ќе стане парламентарна партија! На тој начин ќе овозможиме, од собраниската говорница, за прв пат по осамостојувањето вистински да се чуе гласот на безгласните – гласот на работниците, гласот на невработените, гласот на хонорарците, гласот на синдикалците, гласот на активистите за човекови права, гласот на стечајците, гласот на сиромашните, гласот на ограбените, гласот на маргинализираните – со еден збор гласот на обичниот човек кој секојдневно се бори за гола егзистенција, додека мала група луѓе се богатат од нашата мака. Ние знаеме дека патот по кој одиме ќе биде долг и макотрпен. Но, решивме да го направиме првиот чекор. Од нашето искуство сфативме дека благите реформи кои ни се случуваат не се доволни! Дека тие се само вакцина за болново општество.

123

Затоа, подолу ви ја изложуваме нашата Изборна програма 2016, која е правена од професионалци и врвни експерти во секоја област. Внимателно прочитајте ги мерките кои ги предлагаме и самите ќе увидите дека таа е своевиден радикален зафат за интервенција во сите пори на заедничкото живеење – со цел осмислено градење на едно похумано, посолидарно и подобро општество. Затоа, на нашата бајата политичка сцена составена од просечни лидери, подмитливи функционери и неспособни кариеристи кои се навикнати на поданички менталитет и клиентелизам – ние воведуваме сосем нов и автентичен политички дискурс; сосема нова политичка култура на комуникација, дебата и аргументација; и сосема нов систем на политички вредности насочени кон заштита на јавниот интерес. Ете затоа сметаме на вас, оти знаете дека никогаш нема да ве изневериме! Борбата продолжува! Со нови сили, на различни фронтови.

Подобар свет е неопходен. Подобар свет е можен! Ќе победиме!

baner

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ