Заедничката платформа на ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците не ги решава проблемите, туку го отежнува нивното решавање

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во услови кога:

  • голем процент од населението во Р. Македонија живее во сиромаштија (460 000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180 000 луѓе се во апсолутна сиромаштија), а
  • Р. Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа,
  • Р. Македонија е земја речиси без социјални програми,

заедничката платформа на „ДУИ“, „Беса“ и „Алијансата за Албанците“ е провокативнa и беспредметнa.

Време е во прв план да се постават најгорливите прашања кои ги засегаат сите етнички заедници во оваа земја, а тоа се социјалните права. Ваквите заложби немаат ништо суштинско, односно само создаваат привид дека некој се бори за нешто, додека реалноста е спротивна. Ваквата реторика им одговара само на интересите на богатите кои преку подгревање на национализмот кај сите етнички заедници се обидуваат да го одвлечат вниманието од суштинските проблеми, а со тоа да спречат надетничко обединување на народот кое би ја загрозило нивната привилегирана положба во општеството.

Време е да ги поставиме вистинските проблеми во преден план, не e возможно да зборуваме за било што, кога немаме услови за достоинствен живот, кога голем дел од граѓаните се угнетувани и експлоатирани. Левица ги повикува граѓаните да не наседнуваат на триковите и маглите на владејачките бизнис и политички елити и да се обединат во борбата за решавање на заедничките проблеми кои суштински и навистина нѐ обединуваат сите нас, без разлика на националната, религиозна или сексуалната определба, единствено обединети врз основа на нашата општествена положба како угнетени.Во таа борба сиромашните и обесправените немаат што да изгубат, освен своите окови.

Но исто така, ние од Левица сме свесни дека треба да се надминуваат јазот и бариерите кои ги имаат етничките Македонци кон учењето и употребата на албанскиот јазик. Ако повеќемина во Македонија го научат албанскиот јазик, барем во мера на негово разбирање, тогаш далеку поширока употреба ќе има албанскиот јазик во споредба со неговото наметнување на официјален начин, што, овде и сега не може да не помине без пораст на национализмот кај Македонците и отпор кон учењето и употребата на албанскиот јазик.

Ново општество е можно, ново општество е нужно! Иднината е наша, ќе победиме!

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ