Јанчев: Сопствениците и државата, виновници за загадувањето од Југохром

fabrika

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во 2010 година, во весникот “The Guardian”, беше објавено дека во студија за ОН, утврдено е дека 3 000 најголеми светски компании ќе изгубат една третина од својот профит ако треба да платат за загадувањето кое го направиле во околината. Се наметнува прашањето, зошто сопствениците на овиее компании уште од старт не одделиле дел од профитот за да се спречи загадувањето?

Истото прашање се поставува и во Случајот со Југохром. Зошто сопствениците до сега не ги поставија потребните филтри? Одговорот е очигледен, а тоа е дека сопствениците сакаат да го максимизираат профитот без разлика на последиците по околината.

Но што ако во одлучувањето (управувањето) со компанијата учествуваа вработените? Тоа значи дека вработените одлучуваат, или учествуваат во одлучувањето, што да се произведува, како да се произведува, каде и што да се прави со профитот. Дали и во тој случај сеуште немаше да бидат поставени филтрите? Не сметам дека е така. Тоа е од причина што загадувањето од Југохром најмногу им штети на вработените и нивните фамилии кои живеат во близина на Југохром. Тие се тие кои го дишат загадениот воздух и ја пијат загадената вода. Исто така тие се тие кои егзистираат од фабриката, па во никој случај не би ризикувале затврање заради загадување, како што е сега случајот. Затоа доколку тие управуваа, до сега филтрите ќе беа поставени!

jugohrom patarina protest 89566

Ова учество во управувањето со компаниите од страна на работниците, не само што е решение на проблемите со загадувањето, туку е и предвидено со Уставот во член 58. Но, Владата во 2004 година, штитејќи ги бизнис интересите на сопствениците, донесе противуставен Закон за трговски друштва. Во овој закон, ова уставно право не е предвидено. Така директно одговорни за оваа катастрофа се државата, која првично овозможи сопствениците самостојно да управуваат со компаниите, а потоа сопствениците на Југохром, кои сакајќи поголем профит не одделуваат пари од истиот за да ги постават потребните филтри. Резултатот е загадувањето. И сега, како планира директниот кривец, државата, да го реши проблемот? Со затварање на на Југохром! Кој ја плаќа најголемата цена за постапките на Владата и алчноста на сопствениците? Погодивте. Тие што не се ни најмалку криви, работниците.

Затоа Левица го нуди следново решение:

Сопствениците на Југохром веднаш да одделат дел од профитот за поставување на филтрите. Ако упорно одбиваат да се потчинат на еколошките стандарди за производство, притоа вадејќи се дека тоа било нерентабилно, во исполнувањето на еколошките стандарди на фабриката да инвестира државата. Таа државна инвестиција да се компензира преку соодветен сопственички удел на државата во фабриката. Нормално, во периодот кој е потребен да се постават филтрите и да се рестртира фабриката, власта на работниците кои останале без работа да им обезбеди паричен надомест. Така и работниците ќе си ја зачуваат егзистенцијата и околината нема да се загадува.

Саше Јанчев,
член на ЦК на Левица

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ