Здравјето на граѓаните е поважно од профитите на олигарсите!

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица се спротивставува на намерите на локалната самоуправа во Општина Аеродром да се засилат градежните активности во наредниот период. И тоа сега, кога заврши мандатот на локалните власти и кога нови важни одлуки не смее да се носат. Новите градежни активности уште повеќе ќе ги намалат зелените површини во општината и ќе го зголемат и така енормното загадување на воздухот во општината и градот.

Сведоци сме како во континуитет политичките елити на власт единствено водат сметка за тесни лични и партиски интереси. За тоа сведочи и примерот со парцелата кај Мајчин Дом, Аеродром. Оваа јавна парцела е приватизирана во време кога СДСМ е на власт на локално ниво, а денес локалната самоуправа, каде што на власт е ВМРО ДПМНЕ има намера да ја надгради со 9-катница на 3 500 м2 површина, при што би се оствариле вртоглави профити на контото на инвеститорот. Левица ќе ги поддржи сите форми на отпор со цел да се стопира ваквата намера на локалната самоуправа во општина Аеродром!

Идните советници на Левица во Советот на Општина Аеродром што ќе се изберат по локалните избори ќе гласаат за промена на овој најнов упад во урбанистичките планови.

Слугувањето на интересите на градежната мафија мора да престане!

Здравата животна средина и здравјето на граѓаните се поважни од профитите на олигарсите!

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ