Покана за прес – Човечките животи се поважни од профитот на мултинационалните компании! Поддршка за референдумот во Гевгелија против рудникот за злато

gevgelija-referendum

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во четврток, 20 април, во 11.00 часот Левица ќе одржи прес конференција за поддршка на локалниот референдум во Гевгелија, кој е закажан за 23 април (недела). Прес конференцијата ќе се одржи во седиштето на Левица на улица Мирослав Крлежа бр. 20, влез 1, кат 3, стан бр. 12 (во близина на Амбасадата на Р. Грција, спроти Кафе Излет).

На прес конференцијата јавноста ќе биде запознаена со штетноста на отворањето рудник за злато на Кожуф. Покрај тоа, ќе биде нагласено дека проблемот не е само гевгелиски. Ваков рудник ќе се отвора и во Иловица, Струмичко, а се планира отворање на вакви рудници и во Валандовско и во Богданци. Сите граѓани на Македонија треба да се мобилизираат против отворањето на вакви рудници, а не само гевгеличани. Проблемот на соседот чука и на нашите порти.

Го нема тоа злато што може да го купи здравјето на луѓето! Стоп на жртвувањето на човечките животи за профитот на мултинационалните компании! Стоп на рудниците во Гевгелиско, Струмичко, Валандовско, Богданци! Поддршка на референдумот во Гевгелија на 23 април (недела).

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ