Атевиќ: Да живее Први мај – Интернационалниот ден на работникот

1-maj-protest

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Реформистичките лидери се трудеа да ги умртват демонстрациите на Први мај со тоа што ги претворија во денови за одмор и рекреација, наместо за борба за рушење на капиталистичкиот систем на експлоатација и надничарење.

Живееме во свет на промени. Тие промени не настануваат сами од себе. За тие промени луѓе, ставајќи ги на располагање своите потенцијали, вложуваат време и енергија. Едни од најголемите придобивки што работниците ги извојуваа во борбата со капитализмот беа намалувањето на работното време од 12 и повеќе часа дневно, како и загарантираниот седмичен и годишен одмор. Овие промени беа можни, не поради демократијата во парламентите, милосрдието на богаташите или општата граѓанската свест, туку само затоа што работниците се организираа во работнички политички партии и формираа синдикати.

УМРТВУВАЊЕТО – Работничките сојузи соработуваа меѓусебно и беа солидарни со своите другарки и другари кои воделе борба во другите земји од светот. Значењето на Први мај се ширеше во 19 век како симултани меѓународни пролетерски протести, со кои сè повеќе се зацврстуваа револуционерните пориви на работниците низ целиот свет. На Конгресот на Интернационалата во Цирих 1893 беше донесена резолуција со која се покажа одговорот на работниците кон тогашните општествени прилики:

„Протестите на Први мај за осумчасовен работен ден мора истовремено да послужат како протест на решителната волја на работничката класа да ги уништи класните разлики преку општествена промена и според тоа да појде на патот, на единствениот пат кој води кон мир за сите народи, кон меѓународниот мир.“

Во периодот што следеше, почетокот на минатиот век, реформистичките лидери се трудеа да ги умртват демонстрациите на Први мај со тоа што ги претворија во денови за одмор и рекреација, наместо за борба. Тие секогаш организираа демонстрации во неделата најблиску до Први мај. Во неделите работниците не можеа да штрајкуваат и да ја прекинат работата, затоа што и така не работеа. Први мај за реформистите беше пикник, а не израз на борбата за рушење на капиталистичкиот систем на експлоатација и надничарење. Тие сметаа дека не се обврзани да ги почитуваат решенијата на меѓународните конгреси на Интернационалата, која ја сметаа само за собир за интернационално пријателство и добра волја. Во 1914 Интернационалата се растури затоа што социјализмот и интернационализмот на реформистичките водачи беа празни зборови. Се разобличи нивната улога како водачи кон пропаст на работничката класа.

СЛОГАНИТЕ – Демонстрациите ширум светот за Први мај, од почетното барање за осумчасовен работен ден прераснаа во демонстрации со дополнителни политички слогани како на пример: „Меѓународна солидарност на работничката класа!“, „Општо право на глас!“, „Војна против војната!“, „Против колонијалното угнетување“, „Право на протест и собирање“, „Ослободување на политичките затвореници, „Право на политичка и економска организација на работничката класа“.

Денес 1 Мај го дочекуваме како државен празник, празник на кој работниците не работат. Работничката класа во Македонија и според правата кои формално-правно ги има, но не ги ужива, но и според правата кои сè уште ги нема, далеку е зад положбата на работниците во Западна Европа. Затоа, овој празник не треба да се одбележува со носталгија или копнеж за нешто недостижно. Истовремено да не заборавиме дека славиме затоа што некои други пред нас се бореа и изборија, некои и по цена на своите животи, да остават свое наследство. Наша обврска е да го зачуваме за следните поколенија.

Работниците само во организирана борба против системот на угнетување и експлоатација ја согледуваат својата моќ; кога покажуваат дека без нив камионите, автобусите или возовите не може да тргнат, кога газдите ќе се уверат дека услужните дејности не се самопослужување, дека рудниците не се копаат без рудари, дека банките не постојат без банкарските службеници, или училиштата без наставници. Во тие ситуации работниците можат да видат дека оној што до вчера „управувал“ со нив, денес покорно нуди преговарања и компромиси.

Во Македонија постои организирана структура во вид на партија што ги претставува и застапува интересите на работничката класа. Тоа е Левица. Создавање и функционирање на таква структура во постојната состојба е голем предизвик, затоа и решителноста и посветеноста при таквиот подвиг треба да се бескомпромисни. Борбата за похумано општество всушност е борба за коренити промени, водена со начелото за секому право на достоен живот. Усовршените тајни и државни служби и маркетиншките, пропагандни методи на владеење, и парите за поткуп, се во рацете на владејачките елити. На наша страна е само солидарноста и хуманиот однос како сѐ уште непобедливи оружја. Оружја кои секојдневно ѕиркаат во меѓучовечките односи во соседството, на работа, на улица…Тие ѝ припаѓаат само на обесправениот и потиснат народ. Иднината е задача и привилегија на работничката класа!

Работничката класа во Македонија денес никаде нема да ги истакне своите слогани, оние кои на најдобар начин ги одразуваат нејзините интереси и што најдобро може да ја доведат до свеста за сопствената револуционерна улога. Тргнувајќи од ова ние овде ги набројуваме некои од најважните слогани за нашата борба.

  • Долу национал-шовинизмот на власта, за солидарност меѓу националностите!
  • Сите во синдикат. Силата е во единството! Долу синдикалната бирократија!
  • За полна вработеност! Власта да создава работни места во интерес на заедницата, а не за приватните профити.
  • Слободно образование и здравство за сите!

Пишува: Александар Атевиќ, член на централниот комитет на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ