Продолжува судскиот процес против членот на Президиумот на Левица, Здравко Савески


Денес, понеделник, 29 мај, во 13.00 во Основниот суд 1 Скопје ќе продолжи судскиот процес против членот на Президиумот на Левица, Здравко Савески заради неговото учество во протестите од минатата година.

Судскиот процес против Здравко Савески трае веќе повеќе од една година, но и покрај тоа е на самиот почеток. Против него се’ уште се применуваат и мерки за безбедност, односно тој мора да се јавува во суд и полиција секој втор понеделник.

За неговото учество во протестите се води судски процес уште против еден член на Президиумот на Левица, Мариглен Демири.

Сподели ја веста: