Реакција по повод укинувањето на екстерното тестирање


Со усвојување на измените на Законот за основоно образование, Законот за средно образование како и Законот за наставници во основните и средни училишта, како предлог на Министерството за образование и наука на први јуни 2017 година, се укина екстерното тестирање. Левица го поздравува овој чекор, бидејќи екстерното тестирање како проект предвиден за надворешна евалуација, пред се за контрола на работата на наставниците,  се покажа како проект кој внесе огромна доза на стрес во образовниот процес, кој со своите грешки и нелогичности донесе многу штета врз учениците и наставниците, а никакво подобрување на наставниот процец.

Меѓутоа,  предупредуваме дека со укинувањето на екстерното тестирање не смеат да запрат реформите во образованието. Образованието е еден од најурнисаните ресори во Македонија, па оттука потребни се темелни промени во поглед на наставната програма, зајакнување на наставниот кадар, поставување на вистинска основа на просветниот инспекторат, финансирањето на образованието, проблемите со автономијата на установите на високото образование, вклученоста на граѓаните во процесите, активација на улогата на синдикатите на просветните работници итн

Левица будно ќе ги следи случувањата во поглед на образованието во иднина, а ќе бидеме максимално посветени во анализа и критика на идните чекори кои ќе ги преземат новите власти. Цел е сепак да дадеме придонес кон подигање на квалитетот на образованието.

Сподели ја веста: