Одговорност за високите трошоци и пропустите при изведбата на автопатите „Охрид-Кичево“ и „Миладиновци-Штип“ мора да има

avtopati

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица бара да се формира независна експертска комисија која ќе има за задача да утврди јасна одговорност за пропустите во проектите и енормно високите трошоци за изградба на автопатските делници. Со просечна цена од 7 милиони евра за 1 километар, овие автопати по изградбата веројатно ќе станат најскапи автопати во светот.

Дневнопартиските препукувања и префрлања на „топката“ меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не водат никаде. Изградбата е прекината, треба да се обнови во најбрз можен рок, но не пред утврдувањето на одговорноста на сите страни инволвирани во процесот. Дека граѓаните ќе бидат изиграни, т.е ќе добијат автопати, но оптоварени со милионски провизии за владините функционери, слушнавме од телефонскиот разговор меѓу поранешниот премиер Груевски со тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Граѓаните повторно можат да бидат изиграни ако се продолжи со практиката- тешките злоупотреби да бидат користени единствено во меѓупартиската пресметка на зборови.

За Левица е неприфатливо издвојување на дополнителни средства на народни пари за завршување на овие автопати затоа што веќе ги надминаа предвидените трошоци за нивна изградба. Само со лоцирање на јасна одговорност за сите пропусти и криминали поврзани со овие капитални проекти, ќе можеме да градиме одговорно и праведно општество.

logo vector

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ