Савески: Доста беше (л)апанажа!

sobranie-na-rm-640x360

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во контекст на БРУКАТА што изби по пробивањето на информацијата во јавноста дека пратениците продолжија со земањето недозволиво високи суми за патни трошоци, повторно ја објавуваме колумната на членот на Президиумот на Левица Здравко Савески, од 2015 година, во врска со уште една привилегија на пратениците која ја уживаат, (л)апанажата.

 

Деновиве слушнавме уште една информација поврзана со Гордана Јанкуловска. Дека поднела барање за апанажа и дека тоа и’ било одобрено. Тоа значи, дека во случај таа да не се вработи во меѓувреме, цела една година ќе зема пари од државниот буџет во износ на нејзината плата како министер за внатрешни работи.

Ништо овде не е незаконски. Според Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, уште од неговото донесување во 1990 година, е предвидено цела редица функционери да ја уживаат оваа привилегија. Таа се однесува како на пратениците така и на сите функционери и раководители кои се именувани од Собранието, Владата и Претседателот. А нивниот број не е мал. И го оптоваруваат дополнително Буџетот на Република Македонија! Да биде иронијата поголема, со овој закон, исто така уште од 1990 година, е предвидено овие лица, поточно овие „богови“, да земаат апанажа дури и кога самите ќе си поднесат оставка или кога ќе бидат разрешени!? Бре! Некој(а) лошо и неодговорно ја вршел(а) функцијата, ама, на крајот, и без работа ќе си зема исто пари цела година?!

Да, точно е, не е пријатно да се остане без работа. Тоа е тежок период со кој се соочува секое невработено лице. И не примаат парични средства од државата само функционерите кои ќе останат без работа, туку примаат и останатите смртници. Ама, за останатите смртници, работниците, да ги примаат тие парични средства, мора да исполнат повеќе услови, за нив износот на паричните средства е ограничен на 50% од нивната плата и имаат право на парични средства за пократок временски период од функционерите. Така, за работникот што останал без работа да има право на паричен надомест, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, тој не смее самиот да си даде отказ или да добие отказ поради некоја своја вина. Или, ако бил „насанкан“ од газдата и добил отказ наводно по негова вина! А кога сето ова не е случај, тој има право на паричен надомест во износ на 50% од својата претходна плата во период од неколку месеци. Може да прима овој надомест и за период од една година, но само ако има (признат) работен стаж од повеќе од 25 години.

Сега да споредиме што викаат законите за функционерите и работниците што ќе останат без работа. Ако си функционер, тогаш, ако си ја вршел функцијата над 2 години, ќе примаш „апанажа“ 12 месеци во износ од 100% од твојата претходна плата. И без разлика колку лошо си ја вршел функцијата! Ако си работник, тогаш заборави на паричен надоместок во износ од 100% од претходната плата. Можеш да добиеш право само на 50% од твојата претходна плата, неколку месеци само, а една година единствено во случај да си работел повеќе од 25 години и газдата да не „штедел“ на тебе, не плаќајќи придонеси за тебе со години! Има разлика! Има разлика и таа е многу неправедна! Оној што земал повисока плата има право на паричен надомест од 100%, а не само од 50%, и тоа за подолг период од оној што имал пониска плата, кој имал заштедено помалку пари и кој многу потешко ќе успее да најде нова работа од функционерот!

Сакате да го слушнете и тоа зошто износот на паричниот надомест за невработените не изнесува 100%? Бидејќи на тој начин невработеното лице ќе биде дестимулирано да бара работа. А зошто тогаш паричниот надомест за невработеното функционерско лице изнесува 100%? Нема ли и тоа да биде дестимулирано да си најде нова работа ако без работа ја зема истата плата? Фактички, имајќи ја предвид висината на платите на функционерите, вистинското прашање е: дали тие не би биле дестимулирани да си бараат нова работа и ако би примале 50% од нивните претходни плати?

Одлуката за доделување апанажа на Гордана Јанкуловска добро ни дојде. Нè потсети колку неправедно елитата си донесува закони со кои самата се привилегира на сметка на обичниот народ. И исто така нè потсети дека единствени лошо законски решенија нема само во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. И дека за средување на ситуацијата во Македонија, новата влада ќе мора да менува од корен многу работи, а не само она што го има упропастено ВМРО-ДПМНЕ.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ