Реакција на ЛЕВИЦА по повод отпуштањето на работници од “Ки Сејфти Системс”

kss-kicevo_1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

kss kicevo 1Левица најостро го осудува отпуштањето на десетмина вработени од странската инвестиција „Ки сејфти системс“ која свои погони има во индустриската зона во Кичево. Работниците тврдат дека се отпуштени поради формирањето на синдикална организација. Членувањето во синдикална организација не смее да биде основ за отпуштање од работа, а синдикалниот претставник ужива и посебна заштита согласно Законот за работни односи. Со ова уште еднаш се покажува бескрупулозниот однос на странските инвеститори кои се тука само за да ги искористат привилегиите и бенефициите кои ги добиваа од претходната влада. Што е уште потрагично, ниту сегашната влада нема намера да го преиспита односот кон странските инвеститори и продолжува праксата на сервилен однос кон крупниот капитал. Левица започна со кампања за пријавување на кршења на работнички права до трудовиот инспекторат. Па затоа, ја користиме оваа прилика јавно да го повикаме инспекторатот да го истражи овој случај и да не дозволи негово заташкување. Синдикалното организирање е најмоќното оружје во рацете на работниците кога нивните права се кршат. Тоа оружје не смее да им биде одземено, по ниеден основ!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ