Жители на Општина Босилово, охрабрете се и изборете се за тоа што е ваше!

ilovica_aktivistite-pocnaa-so-kampanja-megu-naselenieto

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица ги поттикнува жителите на Општина Босилово да не потклекнуваат на незаконските притисоци и да излезат да гласаат против рудникот на смртта Иловица на 3 септември 2017 г.

 

Досега во Македонија се одржаа 4 референдуми против рудниците на смртта. Во Гевгелија (98% гласале против), Богданци (98% гласале против) и Дојран (95% гласале против) референдумите беа успешни и со изразено висок процент на гласови против. Единствен делумно неуспешен референдум беше референдумот во Валандово на кој недостасуваа 300 гласа за да се смета за валиден – инаку од оние што излегоа да гласаат 95% отсто беа против. Набљудувачите на референдумските процеси во своите извештаи забележуваа силни притисоци особено во Дојран и Валандово кои почнале уште во време на кампањата за референдумот, а продолжиле сè до затворањето на избирачките места.

Левица бара од актуелната влада на РМ да ги даде сите информации во врска со активностите на компанијата Еуромакс рисорсис во Република Македонија. Жителите на Република Македонија имаат право да знаат што точно се случува во нивна непосредна близина и имаат право да одлучуваат дали ќе прифатат или ќе одбијат одредени проекти за кои соодветните владејачки гарнитури склопувале милионски договори со странски компании. Тоа свое право на глас жителите на струмичкиот регион ќе го искористат првпат на 3 септември 2017 г. (недела) кога е закажан референдумот во Општина Босилово.

Жители на Општина Босилово, газдите и милионерите не ги интересира вашето здравје, не ги интересира здравјето на вашите најблиски. Нив ги интересира единствено профитот. А алчноста за профит не знае за партиска припадност, вера или нација. Не дозволувајте да бидете манипулирани со каква било финансиска придобивка што ви се ветува. Вашето здравје и вашиот живот немаат цена!

Ако не сакате да дишете, да пиете и да јадете отрови, на референдумот на 3 септември гласајте против рудникот на смртта Иловица! Храбро дајте го својот глас против уништувањето на вашето здравје и здравјето на вашите најблиски!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ