СООПШТЕНИЕ

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Зголемувањето на акцизата за нафта според Левица, е погрешна мерка и во однос на економијата и во однос на заштитата на животната средина. Враќањето на евтината тарифа за струја и укинувањето на радиодифузната такса беа само чекор за предизборен маркетинг на СДСМ кој отвори дупка во буџетот на владата. Сега, со покачување на акцизата за нафта за 3,5 денари и со новиот тарифник за вода од страна на регулаторната комисија (при што ќе се зголеми цената на водата) се компензира намалувањето на буџетот на сметка на граѓаните.

Несериозни се тврдењата дека покачување на цена на дизелот ќе го намали загадувањето. Покачувањето на цена на дизелот најмногу ќе ги погоди земјоделците, чии што машини за обработка на земја се потрошувачи на нафта.  Возила кои користат дизел користат голем дел од понеимотните граѓани баш поради ниската цена на дизелот.

Владата не треба да задира вo џебот на работниците и осиромашените граѓани, туку буџетот да го полни од џебот на бизнис елитите, кои, за разлика од нив, можат тоа да си го дозволат. За жал, не можеме да очекуваме Влада во која што партиципираат бизнисмени и милионери да застанат на страна на интересот на работникот.

Оваа мерка е регресивна, а не прогресивна, бидејќи, процентуално, повеќе ќе го погоди домашниот буџет на посиромашните граѓани одколку на побогатите. Сумата на зголемените средства што ќе ги плаќа сиромашниот граѓанин нема да е пропорционално помала од таа што ќе ја плаќаат побогатите, во однос на примањата/имотот.

Мерката на коалициската влада на СДСМ-ДУИ и др.е во директна спротивставеност со ветеното во однос на економско прогресивните мерки. . Неморално е да се искористува народната огорченоста  поради огромното хронично загадување, заради ситни политикански игри.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ