Реакција за протестот на работниците на Фени Индустри

feni_protest1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Работниците на „Фени Индустри“, предводени од постоечкиот синдикат, протестираат пред банките кои ја отпочнаа стечајната постапка. Нивниот протест го поддржува актуелниот градоначалник на Кавадарци.

Левица апелира до работниците на „Фени Индустри“ да истраат во борбата за своите права, но не преку насоките, кои сега ги добиваат од постоечкиот синдикат, кој е под притисок на досегашните газди. „Им порачуваме на работниците да не се ослонуваат на поддршката на градоначалникот, имајќи ја на ум опасноста за инструментализација на протестот од страна опозициската ВМРО – ДПМНЕ.“

Работниците на „Фени Индустри“ нема кој друг да ги застапува во оваа борба, освен самите себеси. Затоа Левица апелира до работниците на Фени Индустри сериозно да ги разгледаат следните предлог излезни решенија од навидум безизлезната ситуација, а тоа се:

    1. Итно создавање на Собрание на вработените, по урнек на традиционалните работнички совети
      Потребно е ново работничко здружување од страна на сите работници на Фени Индустри (од портир до сметководител), кое јасно ќе ги артикулира своите барања и интереси и нема да дозволи да биде манипулирано од страна на газдите или политичарите.
    2. Носење на одлуки за преземање на производството и дистрибуцијата во свои раце
      Работниците во Фени Индустри, кои со години работат таму и планираат и понатаму да продолжат да работат, поседуваат доволно искуство за да го раководат комбинатот. Наместо тој да биде препродаван од едни на други странски експлоататори, потребно е тие да го преземат, заедно да го поседуваат и сами да го управуваат.,
    3. Неподлегнување на барањата на „Енекод“ и Банките
      Банките и „Енекод“ сами можат да си ги решаваат своите проблеми и да си ги расчистуваат своите долгови. Работниците нив не им должат ништо! Низ сите овие години истрпена тортура за профит на газди кои си играат со животите на работниците, само за да го зголемат својот профит, ниту денар не смее да се одвои за нив или за подмирување на каков било долг кој тие ќе се обидат да го натоварат на работниците.

Истовремено, од централната власт бараме ресурсна и финансиска поддршка, како и изработка на краткрочен и долгорочен план за иднината на претпријатието во корист на работниците. Додека тоа не се направи, ја повикуваме централната власт да не праќа судски или полициски сили против работниците и барем еднаш да застане на страната на опресираниот и експлоатиран работник, а не на страната на профитерите.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ