Дали ќе работиш за новогодишните празници? Да, секако, што е тука чудно?

skopje-nova-godina-5-dana-popustplus_59dce2c825ab1_700xr

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  1. skopje nova godina 5 dana

Ова се прашањето и одговорот кои ги слушаме секоја година. Пред околу 20 години, чудно беше некој да работи за време на државен празник, а денес, чудно е кога некој не работи. Толку многу сме отишле назад во времето што работниците и работничките кои работат за време на државните празници тоа го прифаќаат како нешто најнормално и секојдневно, без притоа да се запрашаат колку е тоа во согласност со закон. Денес, кога ќе прашате работник дали работи на некој празник, ќе ви одговори „па нормално дека да“. Не е толку болно тоа што се работи за празници, колку што е болно тоа што на таа појава се гледа сосема нормално.

Стапката на невработеност во Македонија последните години се движи околу 25 проценти, а најголем дел од невработените се на возраст од 18 до 24 години – 53,5 проценти, додека пак, од 25 до 49 години, невработени се 28,3 проценти. Бројот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5 проценти или повеќе од 450.000 луѓе.

Во ситуација кога секој четврт граѓанин во Македонија е невработен, а секој втор има проблем со обезбедување на егзистенцијата, дури и ако работи, јасно е зошто работењето на празници, за мнозинството работници во Македонија и за најголемиот број млади, е нормална работа, нешто што постои и нешто што секогаш ќе постои и ќе се толерира.

Експлоатацијата секогаш постоела во човековата историја, од самите почетоци на класното општество со создавањето на првите држави. Таа постои и денес. Експлоатирани се стотици милиони луѓе низ светот кои страдаат под повеќе маскирани форми на принудна работа. Експлоатирани се и многу работници и работнички во Македонија кои работат за време на државни и верски празници. Тие работат против својата волја, уценети, обесправени и беспомошни. Тие работници и работнички се оставени сами на себе, додека синдикатите се марионети на газдите и на владејачката класа. Се се прави во име на профитот, во желба за што е можно поголема добивка, без притоа да се обрнe внимание на желбите и потребите на овие луѓе кои работат за парче леб, за егзистенција. Станува збор точно за оној профит, за кој работниците во трговските центри и супермаркетите ширум Македонија се принудени да ја продаваат нивната насмевка на нивните клиенти, дури и за новогодишните празници, наместо да уживаат во заслужениот одмор на начин на кој што сакаат.

„Работниците кои мора да се продаваат на парче се еден вид стока како и секој друг артикл, кои се подеднакво изложени на сите случајности, на сите колебања на пазарот.
Комунистички Манифест

Огромните стапки на невработеност во неразвиените земји не им оставаат избор на луѓето и се ставени во ситуација „дај што ќе дадеш“, дури тоа и да значи работен ден и кога сите останати празнуваат.

Како обични војници на индустријата, тие се ставаат под надзор на цела хиерархија индустриски подофицери и офицери. Тие не се само робови на буржоаската класа, на буржоаската држава; секој ден и секој час нив ги поробува машината, надзорникот и, пред сè, поединечниот буржуј-фабрикант. Колку што овој деспотизам е поситничав, поодвратен, колку повеќе предизвикува огорченост, толку добивката поотворено се прогласува за единствена цел.“
– Комунистички Манифест

И денес работникот во трговските центри и супермаркетите, е под надзор на цела хиерархија на супервајзори, менаџери за човечки ресурси, директори и газди. Ваквата хиерархиска поставеност и војничка дисциплина за вработените во тргвовските центри и супермаркетите, доведува до тоа, работниците да се чувствуваат како најнебитна алка во внатрешната организација и оттука јасно е зошто тие воопштно не се осмелуваат да ги побараат своите права на слободен ден за време на државните празници.

Резервната армија на трудот“, се аутсајдерите со кои работодавците ги заплашуваат инсајдерите. Во свет во кој конкуренцијата меѓу претпријатијата и производите е сè пожестока, обично главниот товар и тешката цена на трката ја плаќаат работниците.

Згора на тоа, доколку одбијат да работат за време на државен прзаник и доколку за тоа штрајкуваат и синдиклано се организираат – офицерите и подофицерите на производниот процес многу лесно ќе ги заменат со определен резервен баталјон (невработени). Константниот страв од губење на работното место е лесно остварлив преку дискреционото право на работодавецот во кој било момент (преку законските флексибини измени) да го отпушти.

Кога најпосле завршува експлоатацијата на работникот од страна на фабрикантот и кога во готово ќе ја добие својата наемнина, врз него се нафрлаат другите делови на буржоазијата – станодавецот, бакалот, лихварот итн.“
– Комунистички Манифест

Тешката судбина на вработените во трговските центри и супермаркетите, не завршува со завршувањето на работниот ден за време на државен празник. Со плати кои не надминуваат 250 Евра, вистинската голгота на овие работници започнува во самото предвечерие на новогодишните празници. Работниците-родители, иако најчесто немаат друг избор, освен новогодишните празници да ги поминат во својот дом, сепак и давачките за храна, пијалоци и сметки, за време на повеќедневните празнувања, се огромен товар за нив. Работниците-млади, пак од друга страна, притиснати од вештачките потреби на консумеризмот и потрошувачкото општество, чуствуваат дека мораат за „најлудата ноќ“ и за останатите празници во текот на Јануари, да се задолжуваат кај лихварите – банките (преку правото на одење во минус на кредитните картички), како би ги платиле услугите на одборот на буржоазијата задолжен за прослави (газди на дискотеки, ресторани, кафани, викендици и вили, туристички агенции).

За овој одбор, единствено битен е профитот, оној профит за кој работниците и работничките во трговските центри и супермаркети низ Скопје и цела Македонија, за време на новогодишните празници и државните празници воопшто, се принудени благо и учтиво да им се насмевнуваат на клиентите, наместо да уживаат во одморот, кој го сакаат и заслужуваат.

Но до кога ќе молчат овие работници и работнички? И дали засекогаш ќе молчат?
Секако дека не. Левица ги повикува вработените во трговските центри и супермаркетите,
да се обратат до правниот тим на Левица задолжен за давање бесплатна правна помош на работници кои се соочуваат со експлоатација која ги надминува законските рамки. Правниот тим на Левица, место Вас, ќе поднесе соодветни пријави против работодавците кои ги кршат законите.
Истовремено, Левица ги повикува Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат на трудот да ги реализираат на терен своите законски обврски и соодветно да ги санкционираат работодавците кои и оваа година мислат дека ќе поминат неказнето, експлоатирајќи илјадници работници од реалниот сектор, принудувајќи ги да работат за време на државни празници.

Автори: Зоран Василески и Џејлан Велиу

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ