Задолжителните калориметри се кобни по животната средина и сиромашните

levica-zname

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

ccb8539c ff4a 4cba 97c2 b083c36ea1a4Поставувањето калориметри кои, според новиот предлог Закон за енергетика ќе биде задолжително, ќе се одрази негативно кон посиромашните слоеви и животната средина, бидејќи ќе ја зголеми цената на парното греење.

За проблемот со загадувањето, кое со години е во пораст, системско решение сè уште не се изнајде. Беше посочено дека еден од главните причинители на ваквото загадување се семејствата кои се греат на дрва и материјали чие согорување штетно влијае на околината. Затоа, една од мерките кои граѓаните ги побараа на протестот против загадувањето беше зголемување на достапноста на парното греење, што значи укинување на паричниот надомест за приклучок и намалување на цената на услугата. Наспроти тоа, новиот предлог Закон за енергетика ќе ја зголеми цената на услугата, со што достапноста на парното греење уште повеќе ќе се намали. Семејствата кои немаат парно греење ќе бидат дополнително обесхрабрени да постават, а оние кои имаат, а се посиромашни, можат да го откажат и да започнат да се греат на дрва и материјали чие согорување загадува.

Вице премиерот Кочо Анѓушев рече дека оваа мерка ќе ги стимулира граѓаните да ја намалат потрошувачката на енергија. Секако, како што веќе стана честа пракса на новата Влада, ваквата мерка најсилно ќе удри по сиромашните слоеви на државата, кои воопшто не се големи потрошувачи на енергија. Доколку Анѓушев сака вистински да ја намали потрошувачката на енергија, може да започне тоа да го прави на сметка на велепоседниците кои се вистински потрошувачи и кои, дури и кога ги почитуваат еколошките регулации, загадуваат во голема мера.

Наместо да порачува на граѓаните да „размислуваат на домашната изолација“, Кочо Анѓушев, а воедно и СДСМ, мораат да си ја преземат улогата на социјалдемократска влада, каква што се претставуваа на предизборните кампањи, и да престанат да удираат по џебот на сиромашните и здравјето на граѓаните. Време е проблемите да ги решаваат на сметка на нивните најголеми причинители – газдите кои профитираат на туѓата сиромаштија и на уништувањето на животната околина – со што конечно би започнале да работат во интерес на целовкупното население во државата.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ