ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ ПРОТЕСТИ

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Сите долупотпишани организации строго го осудуваме националистичкиот протест одржан на 21 Јануари во Солун и безцелниот протест кој се одржа на 4 Февруари во Атина.

Десничарски организатори, говор на омраза, националистички слогани, повикување за „спасение“ од страна на „армијата и безбедносните сили“, појавата на криминалната нацистичка група на Златна Зора се главни карактеристики кои го одбележаа протестот на 21 Јануари. Со ова се направи простор за напредок на убиствени групи предводени од Златна Зора и други фашисти низ улиците на Тесалоники, што резултираше со брутален напад на Социјалниот центар „Схолио“ , подметнување пожар на окупираниот центар „Либертатиа“ и отворени закани кон не истомисленици.

Развојот на национализмот нема никаква поврзаност со било која борба или анти-империјалистичка „цел“.

Овие протести се непријателски настроени кон народната работничка сила и општо Левицата. Се обидуваат да го насочат гневот на народот и работничката класа од сиромаштијата и меморандуми кон национализмот и десницата. Секој кој учествува во сето ова, свесно или несвесно го потхранува национализмот и фашизмот.

Интересот на работничката класа во нашата земја е спротивен на аспирациите на грчката буржоазија и на империјалистичките цели на НАТО и САД во регионот, на кои целосно им служи владата на СИРИЗА–АНЕЛ.

Суштината е во тоа што, и покрај претераното промовирање на номенклатурата, прашањето за македонското постоење, сето ова се однесува на обидот за интеграција на соседната земја во НАТО и ЕУ, бидејќи тоа е планот на САД и економската конкуренција и геополитичко влијание на капиталистичките центри (САД–Русија–ЕУ) и соседните земји (Грција, Турција, Бугарија, Србија, Албанија).

Денес интересите на грчката буржоазија – на која и служат владата и опозицијата, се целосно согласни со интересите на ЕУ и НАТО на Балканот, стремејќи се кон зајакнување на економската и геополитичка улога во регионот, потпирајќи се на нив со цел продолжување на меморандумската политика кај работниците и младината во нашата земја.

Силите кои денес го креваат национализмот и се обидуваат да се претстават како „патриотски“ се истите политички сили кои се изјаснија со ДА на референдумот жртвувајќи го секој народен интерес на „Поглаварот“ на ЕУ и НАТО, кои изгласаа старателство над земјата до 2060 год. Ваквите „патриотски“ сили народите ги имаат платено со војни и уништувања.

Единствениот пат кој може да обезбеди мир и стабилност во регионот на Балканот е заедничка борба на народот и работничката класа против буржоазијата, империјалистичките интервенции и империјалистичките антагонисти, како и со отцепување на земјите во регионот од НАТО. Се бориме врз основа на меѓународна солидарност, со почитување на правата на сите етнички групи, народи и малцинства од историскиот мултинационален регион на Македонија, против национализмот наметнат од буржоазијата, ескалација на воената закана и обидите за империјалистички промени на границите, против исцрпните мерки на Тројката и ММФ во сите земји, со почитување на правото на секој народ – и народот на соседната земја – на самоопределување, без одлука на „кумовите“ од надвор, локални и меѓународни.

ПРОТИВ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ПРОТЕСТИ, НАЦИОНАЛИЗАМ, ИМПЕРИЈАЛИЗАМ, ФАШИЗАМ И ВОЈНА

МИР ВО РЕГИОНОТ, НАДВОР НАТО И ЕУ ОД БАЛКАНОТ, НАДВОР ГРЦИЈА ОД НАТО

ДОЛУ ВЛАДИНАТА ПОЛИТИКА НА ШТЕДЕЊЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСИТЕ НА САД – НАТО ЗА АРАНЖМАНОТ НА НАТО ВО РЕГИОНОТ

РАБОТНИЦИ И СИТЕ НАРОДИ НА БАЛКАНОТ ОБИДЕНЕТЕ СЕ

ΑΝΤΑΡΣΥΑ – Анти- капиталистичка Левица

Αριστερή Ριζοσπαστική Κίνηση – радикално левичарско движење

Ξεκίνημα Σοσιαλιστική Διεθνιστική Οργάνωση – Социјалистичка Меѓународна Организација

Διεθνιστική Εργατική Αριστερά- Κόκκινο Δίκτυο – Интернационалистичка Работничка Левица – Црвена Мрежа

Κομμουνιστική Τάση – Νεολαία Ενάντια στον Καπιταλισμό – Младина против Капитализмот

Νεολαία Κομμουνιστική Απελευθέρωση – Младина за Комунистичко Ослободување

Σοσιαλιστικό Εργατικό Κόμμα – Социјалистичка Работничка Партија

Επαναστατικό Κομμουνιστικό Κίνημα Ελλάδος ΕΚΚΕ – Револуционерно Комунистичко Движење на Грција

ΟΚΔΕ Σπάρτακος – Οργάνωση Κομμουνιστικων Διεθνιστικών Ελλάδας – Интернационална Комунистичка Организација

Αριστερή Συσπείρωση – Анти-капиталистичка левичарско политичка организација

Ενωτική Πρωτοβουλία Παρέμβασης και Διαλόγου – Унија за иницијатива на интервенции и дијалог

Ανασύνθεση ΟΝΡΑ – Οργάνωση Νεολαίας Ριζοσπαστικής Αριστεράς

Обединета Младинска Радикално Левичарска Организација

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ