Реакција за интрахоспиталните инфекции

bolnica_8-mi_septemvri_01-1200x545_c

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Здравствениот систем е поставен на погрешни темели, во обид да се копира логиката на слободниот пазар. Практичарите, на кои капитацијата им е единствен извор на приход и зависат од бројот на пациенти во нивната ординација, се приморани да ја стават етиката и професионалноста во заден план и да се борат за својата лична егзистенција по секоја цена. Ваквата изнудена приоретизација на нештата негативно се одразува на пациентите (читај: муштерии), кои не ја добиваат услугата која што им е потребна, туку услугата која што тие мислат дека им е потребна, поради страв на практичарите да не ги изгубат. Ваквата противречност помеѓу пациентот (корисник на здравствената услуга) и практичарот (давател на здравствената услуга) го става здравствениот систем во една состојба на circulus vitiosus, создадена од досегашните власти.

bolnica 8 mi septemvri 01 1200x545 cПред неколку денови во Македонија имаше обид за актуелизирање на една крајно важна тема за граѓаните на Р.М., тоа е проблемот со интрахоспиталните инфекции. Темата, со чест на неколку исклучоци, не го доби потребното медиумско внимание, кое повторно беше насочено кон настани кои продуцираат сензационалистички наслови, а не се од суштинско значење за граѓаните (отстранувањето на споменици, празните изјави на челниците на НАТО и ЕУ и сл. се само неколку примери) Додека Владата се занимава со приемот на Македонија во НАТО, очајно трудејќи се да им покаже на граѓаните дека нешто прави, дур тие тонат во социјална беда, здравствените и нездравствените лица вработени во медицинските установи низ земјата ја губат битката со интрахоспиталните инфекции, недостигот на средства за дезинфекција, се’ поголемиот број на резистентни соеви и недостатокот на лекови за борба против истите. Технички, во случајот со македонското здравство, изгледа дека мака мачи само медицинскиот кадар бидејќи немедицинскиот кадар најчесто беше приман по партиска линија или преку добиени тендери на приватни фирми за одржување и чистење на простор. Тој немедицински кадар, примен на ваков начин, го нема потребното знаење за извршување на една ваква одговорна работа. Јавноста мора да биде информирана за постоењето на толку сериозен проблем и пропуст, направен од досегашното работење на власта во здравствениот сектор, кое е нелегално, бидејќи епрекршено едно од основните начела кое таксативно е наведено во Законот за здравствена заштита, во член 3, став 2 – Никој не смее да го загрозува здравјето на другите.

Проблемот со интрахоспиталните инфекции може лесно да биде решен ако постои политичка волја. Здравствените работници го имаат потребното знаење, но често имаат врзани раце, раце врзани од канџата на неолибералната логика која вели дека нема пари во буџетот за горенаведените потребни средства, нема пари за обука на немедицинскиот кадар, нема пари за продуцирање на ваков кадар итн. Ама државата има доволно пари за членување во воен сојуз. Господинот Пендаровски пресметува дека членството на Македонија во НАТО „чинела колку еден лав“, но не се дрзнува да пресмета колку скатули, литри на средства за дезинфекција, па евентуално и детски животи чини истото.

Здравствениот систем во Македонија е поставен на погрешни темели. Има многу примери, меѓу кои најеклатантни се проблемот со тријажа и препраќање на пациентите кон повисока инстанца на лекување, проблемот со нерационалната употреба на антибиотиците итн. Зад наводната формулација „права на пациентите” centarthumbmedium500278jpgukm67i67често се крие една уценувачка спрега помеѓу пациентот (корисник на здравствената услуга) и здравственото лице (давател на услугата). Бидејќи на медицинскиот кадар од примарна здравствена заштита, капитацијата му е единствен извор на приход, истите зависат од бројот на пациенти кои се запишале во нивната ординација. По неколку месеци работа, ординацијата се претвора во желботека. Настрана желбите на пациентите за користење посебно на бензодиазепини (хелекс, дијазепам, клозепам и сл.), коишто создаваат тешка зависност со фатални последици,, таблетоманија постои и за ОТЦ препарати, додатоци во исхранаи на антибиотици. Честа случка во ординацијата е пациентот да инсистира да му биде препишан антибиотик, иако практичарот проценил дека истиотне е потребен. Пациентот едноставно дава ултиматум – дај ми антибиотик и препрати ме на повисока инстанца (кај колегите специјалисти) или ќе се отпишам од кај тебе. Не мора човек да биде здравствен експерт за да сфати дека на крајот егзистенцијалното прашање на практичарот (здравствените лица од примарна здравствена заштита ја земаат платата од капитациониот бод кој патем е политичка одлука на здравствените елити кои седат на кожни фотелји и го креираат здравството во Македонија, секако по притиснато копче од Владата) станува поприоритетно од етиката и професионалноста на лекарите. Секако, минатото покажува дека ако пациентот не го добие тоа што го сака кај едниот, ќе го добие кај другиот практичар. Во суштина здравството е во circulus vitiosus, каде нашите досегашни власти се тригер фактор за подлабоко тонење на системот, и додека постои оваа конкурентност помеѓу практичарите, пациентите ќе добиваат несоодветна грижа.

Следен пат кога ќе доаѓаат немедицинските „експерти и контроли” од ФЗО по ординации, нека ги заборават step-by-step тефтерчињата каде им е напишано што да проверуваат и за што да ги караат докторите/ките (најчесто за лек кој не одговарал, а бил препишан за некоја дијагноза според шифрарникот на ФЗО), туку нека седнат и нека разговараат со нив. Сите проблеми ќе им бидат дадени на тацна, само е потребна политичка волја да тие бидат сослушани и решени.

Здравствен сектор
01.03.2018

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ