Реакција за случајот со „Санте Плус“

sante-plus-1-960x600

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По којзнае кој пат се увиде дека државата не е сервис на граѓаните, туку на приватниот капитал. Но кога тоа го оправдува токму со интересите на граѓаните, тоа за граѓаните не е само штетно туку и понижувачко.sante plus 1

Кога веќе стручната комисија утврдила нестручност при работењето, како може судот да просуди дали има или нема ризици за пациентите таа установа да продолжи со работа? Мора да е точно едно од двете:

1) Или судот го брани приватниот капитал суспендирајќи го мислењето на стручната комисија и изложувајќи го на ризик здравјето на граѓаните

2) Или стручната комисија тенденциозно и со намера да ѝ напакости на приватната здравствена установа дала намерно неточен извештај. Во тој случај треба тоа јасно и гласно да се обзнани, установата да ги тужи одговорните поединци и институции и правдата да ја бара до крај на суд. Но, тоа не е причина да се повлече одлуката за затворање, бидејќи доколку навистина забраната им била назначена без дозвола секако штетата ќе им биде надоместена од страна на виновните лица или институции.

Според тоа, ваквиот третман на приватниот капитал да биде не само над човечките, туку и над научните закони мора да се осуди не само од стручната, туку и од пошироката јавност.

Она што е уште поважно, а што овој случај најдобро го открива, е первертираниот однос помеѓу приватното и државното здравство кое е резултат на спроведувањето на неолибералистичката агенда во областа на здравствената заштита и која е причина за голем број на човечки трагедии. Систематското уништување на државната здравствена инфраструктура кој по принципот на сврзани садови доведе до експанзија на приватниот здравствен сектор (зошто пречесто реформаторите на државното и сопствениците на приватното не беа сосема одделни центри на моќ) . Со тоа, работата во државните болници и клиники наместо за лекарите да биде исполнување на нивниот животен позив се претвора во кошмар кој го делат со пациентите и кој им е неподнослив, па или ја напуштаат организацијата, или ја напуштаат лекарската етика, а оние кои не избрале ниедно од двете го плаќаат цехот и за овие две категории. Од друга страна, има и кадри кои чекаат (којзнае уште колку долго) да бидат користени само поради партиски калкулации и/или административно – бирократски компликации. А пак, приватните организации си ги користат државните човечки ресурси по потреба и за тоа им наплаќаат огромни суми на осиромашените граѓани. Исто како и во економската транзиција, и здравствената транзиција како да е дизајнирана за богатење на ловците во матно кои се блиски до власта.

Квалитетна здравствена заштита за сите не е луксуз, или трошок, туку предуслов една држава да се нарече цивилизирана, но и хумана. Можеби на оваа влада не и е меѓу врвните буџетски перспективи, исто како и на претходната, но со секој денар кој наместо во санација и екипирање на здравствениот систем заминал за одбрана, за плата на „независните“ шарени револуционери и партиски/коалициски партиски заслужници и слични партиски агенди, Владата (мината, сегашна и идна) зема дел од одговорноста за секој пациент кој страда поради руинираноста на здравствениот систем. И не држат оправдувањата „од каде пари“ – очајните состојби оправдуваат и очајнички мерки. Впрочем, една Влада која уште на почеток се прослави по патните трошоци и бонусите за функционерите нема ни образ да наведе едно такво оправдување.

Здравството не е услужна дејност. Здравството е систем кој мора постојано да ги следи здравствените состојби на населението, да ги регистрира сите промени и престојни ризици, и да го прилагодува системот на потребите на граѓаните не како потрошувачи на услуги туку како пациенти со здравствени тешкотии. Од интерес на општеството е населението да е што поздраво и сите проблеми да се решаваат на ниво на превенција или на ниво на примарната здравствена заштита. Од интерес на капиталот е населението да е што поболно (но да не умира и да купува што е можно повеќе здравствени услуги). И тоа е основната аномалија која лежи во основата на многу трагедии кои се случуваат на површината. Како општество не смееме да дозволиме одговорноста да ја ограничиме само на еден лекар, мед.техничар/ка или фармацевт, министер и/или институција. За здраво население ниту една цена не е превисока.

Здравствен сектор

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ