Случајот со работникот и раководител на “Ѓавато”


Случајот со работникот и раководител на “Ѓавато” – Попов, кој  формално правно е на боледување, а во суштина престојува на работното место и работи е показател за притисоците со кои се соочуваат работници кои ги исполнуваат условите за боледување, но поради страв од губење на работното место се подготвени и на самоопресирање со цел да си го зачуваат можеби за нив единствениот извор на егзистенција. Работничките права, но и граѓанските права се на колена во земјата која според политичките елити засилено се движи кон ЕУ, а на терен постојат ситуации кои наликуваат на див капитализам од 19 век.  Надлежните институции молчат, а капитализмот преку политичките елити кои ја водат државата им покажа уште еднаш дека во капитализам секој/а е заменлив!

Овој случај излезе и допре до пошироката јавност, но уште колку други вакви случаи постојат во Македонија не може да се каже со сигурност. Единствено е сигурно дека про-капитал/бизнис  ориентацијата на сите досегашни влади од независноста, па до денес, комбинирани со политиката на неказнивост на вакви и други слични прекршувања на работничките и граѓанските права континуирано ја докажуваат декадентноста на моменталниот систем во кој живееме.

Сподели ја веста: