Скандалот со Апотел

levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

“Апотел” е единствен таков препарат регистриран во Македонија

Последниот случај каде ФЗО  пропишува користење на антипиретик во дадена јачина и форма за ординациите е единствен таков препарат што е регистриран во Македонија. Сепак ова ги зацврстува сомнежите дека моменталното раководство на ФЗО, но и Владата немаат политичка волја да почнат да се занимаваат со суштинските проблеми со кои се соочува здравството, туку пробуваат да наместат “тендер”.

Во моментов сметаме дека не постои ни стручна, а ни политичка оправданост за актот на наметнување на овој препарат на еснафските здруженија. Постојат неколку аргументи кои одат во прилог на тезата дека се мести “тендер”.  Првиот аргумент се однесува на медицинската практика каде скоро никогаш практичарите не користат ацетаминофен (парацетамол) при третирање на пирексија во ампуларна форма, посебно не во ПЗЗ, туку најчесто користат други NSAIL, како и други мерки кои ги спомна и претседателката на “Здружението на приватни лекари” во изјавата која струеше во печатените медиуми. Дополнително парацетамолот не е препарат што мора задолжително да се има во секое време во ординацијата согласно препораките на Здружението на приватни лекари на Македонија.  Втор момент е што голем број на пациенти ќе почнат со користење на антипиретик per os[1] уште пред да се појават на прв преглед кај практичарот (голем дел од практичарите ги едуцираат пациентите на ваков начин, а не веднаш за мало покачување на температурата да се јавуваат во ординација што секако е оправдано од епидемиолошки аспект), па истиот ќе треба или да препорача да се продолжи со терапијата во дополнување со други насоки, или да се прати пациентот на повисока инстанца на лекување. Токсичноста пак е приказна за себе. Поради опасноста од интоксикација, во светот се оди и во намалување на максималните дневни дози кои од 4г дневно парацетамол се спуштаат на 3г дневно, пред се’ поради високата хепатотоксичнот како и користење на други алтернативи на парацетамолот.
Но најинтересен е делот од самиот допис каде освен јачината 1000мг, стои и изведената концентрација 6.7мл што е доста чудно и некористено во пракса. Вака доаѓаме до еден единствен препарат регистриран во Македонија со овие спецификации. Дополнително постојат уште два чисти парацетамоли (по генерика) од преку 90 различни комбинации на парацетамол со други активни супстанци кои што се регистрирани во Македонија (види прилог 1).
Ова го прави “Апотел” “зачин во секоја манџа”. Решението за пуштање на препаратот во промет датира од 12.1.2017, што значи процедурата за регистрација на лекот во Македонија е почната сигурно година дена пред добивањена решението. Постапката за регистрација на препарат не е едноставна (од бирократски аспект, не од суштински) и не постои претставништво кое би регистрирало препарат во Македонија, а да нема никаков бенефит од тоа. Бенефитот е двоен. Прво со регистрацијата препаратот слободно ќе се продава во Македонија (ќе се генерира профит), а второ производителот добива “поени” за препаратот што е регистриран во земја аспирант за во ЕУ, што пак кажува за потенцијалниот квалитет на препаратот (иако има кршење на ова правило). Едно е сигурно – никој/а не регистрира лек за џабе, сите компании се борат за поголем профит!

 

 

 

Прилог 1

Регистрирани парацетамоли во Македонија

 

Латинично имеГенеричко имеЈачинаПакувањеФармацевтска формаНачин на издавањеПроизводителНосител на одобрениеБрој на решениеДатум на решениеДатум на важностГолемопродажна цена без ДДВМалопродажна цена со ДДВГ/О

 

 

APOTELParacetamol1000 mg/6,7 ml3 стаклени ампули х 6,7 ml/кутијаконцентрат за раствор за инфузијаHUNI PHARMA KLEON TSETIS PHARMACEUTICAL LABORATORIES S.A., Атика/Атина, ГрцијаМАРТИ-АЛКО доо11-6961/912.01.201712.01.2022283.6366.7Г

 

PARACETAMOL KABIparacetamol10 mg/1 ml1 стаклена вијала х 50 ml/кутијараствор за инфузијаHFRESENIUS KABI Austria GmbH, Грац, Австрија, FRESENIUS KABI Germany GmbH , Фридберг, ГерманијаРИФАМ доо15-1970/1318.06.201318.06.201880.36108

 


PARACETAMOL KABI
paracetamol10 mg/1 ml1 стаклена вијала х 100 ml/кутијараствор за инфузијаHFRESENIUS KABI Austria GmbH, Грац, Австрија, FRESENIUS KABI Germany GmbH , Фридберг, ГерманијаРИФАМ доо15-1971/1318.06.201318.06.201896.99130.35

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[1] Примање на препарат преку уста, нар. со голтање

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ