Власта: Рудниците на смртта се отвараат

37900288_2500809916599611_6035939363244736512_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве се’ погласни се информациите дека Владата по којзнае кој пат ќе ги прекрши своите предизборни ветувања. Овој пат претварајки се во продолжена рака на еколошкиот геноцид кој го започна претходната власт на ВМРО – ДПМНЕ. Владата глумејќи транспарентност и обидувајќи се да прикаже дека има слух за интересите на обичниот народ, минатата недела организира консултативна средба на која беа поканети и претставници од еколошките организации кои од самиот почеток (и покрај сите притисоци) беа категорични против отворањето на ваквиот тип на рудници во Струмица. Впрочем, од самиот формат на средбата јасни беа намерите на власта, каде од сите присутни, како таканаречени независни експерти и професори, единствено претставниците на Здрава Котлина беа децидни дека се против отворањето на рудниците и јасно побараа да биде исполнето главното предизборно ветување на премиерот.

Иако локалните активисти и експерти континуирано во јавноста ги изложуваат веќе познатите опасности и закани од отворањето на овие рудници; локалното население масовно се мобилизира за да ги заштити своите домови и иднината на своите деца; преку референдум локалното население непосредно се изјасни дека не отстапува од својот став дека рудници во Иловица нема да има, и на крај и покрај тоа што инвеститорот Еуромакс повеќе пати ги прекрши законските процедури, премиерот сета оваа борба ја деградира со својата изјава за некаков “заеднички интерес” каде активистите и локалното население ги изедначи со инвеститорите од Еуромакс! Помеѓу автентичното и искрено делување за заштита на својата егзистенција, за заштита на своите домови, за заштита на своето природно богатство, за заштита на опстанокот на цел регион постави знак на равенство со претставниците на крупниот капитал кои се загрижени само за максимизирање на својот профит!

Ваквите владини ставови воопшто не се изненадувачки ако се земат во предвид постоечките односи во Владата која континуирано единствено е поборник за заштита на интересите на капиталот. Самиот факт дека високи владини функционери имаат финансиски удел во корпорацијата Еуромакс кои силно агитираат за отворање на овие рудници (активистите постојано известуваат на социјалните мрежи за поткупување, заплашувања и препродавање на земјиште) укажува на подготвеноста на оваа влада по секоја цена да ги задоволи мегаломанските желби за профит на своите функционери, распродавајќи плодно земјиште како да е нивна приватна сопственост!

Веднаш по средбата, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави и најави формирање на независно мониторинг тело кое би го следел процесот во сите престојни фази, со што имплицитно го најави отворањето на рудници во струмичко. Активистите од Здрава котлина веднаш реагираа со соопштение дека на консултативната средба воопшто не било разговарано за формирање на вакво тело и дека Здрава котлина никогаш не би учествувала во работата на тоа тело, со што би го легитимизирала процесот на започнување на еколошки геноцид на Југоистокот.

Најавата за отворање на рудниците во Иловица е уште еден експлицитен пример за тоа дека врската помеѓу капиталот и двете најголеми партии е посилна од волјата на народот. Во постоечката констелација на односи на моќ каде капиталистичкиот систем единствено го приоретизира и валоризира остварувањето профит на сметка на мизерните плати, деградираните работнички права и уништената природа, гласот на обичниот народ не може да биде слушнат. Се додека моќта на одлучување е во рацете на бизнис – ориентирани партии и претставници на капиталот, интересите на обичниот народ ќе бидат маргинализирани во име на профитот. Се додека приватната сопственост е врвна вредност преку која поединци ќе извлекуваат профити, опасноста од хуманитарни и еколошки катастрофи ќе демне на секој чекор. Поради тоа се поизвесна е потребата за промена на капиталистичкиот систем во систем каде највисока вредност ќе биде човекот (наместо профитот) и каде моќта за одлучување ќе биде во рацете на обичниот народ.

37900288 2500809916599611 6035939363244736512 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ