СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ: Незаконски доделени буџетски средства на парламентарните партии за водење референдумска кампања

levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 84-тата седница на Владата на РМ, беше донесена Одлука со која Владата го задолжи Министерството за финансии на РМ, да издвои 80 милиони денари од тековната буџетска резерва, кои средства ќе бидат ставени на располагање на Собранието на РМ како овластен предлагач на референдумот кој ќе се одржи на 30.09.2018 година.

Согласно изјавата на владиниот портпарол Миле Бошњаковски, дадена на прес-конференцијата за медиуми, овие 80 милиони денари, ќе бидат дадени на располагање на политичките субјекти т.е политичките партии и нивните пратенички групи во Собранието на РМ.

Како политичка партија, рамноправна во своите права и обврски со останатите политички партии запишани во единствениот судски регистар на политички партии, Левица до Државниот завод за ревизија поднесе Барање за вршење на посебна ad hoc ревизија на работењето на Собранието и Владата на РМ, од причина што горенаведената Одлука за доделување 80 милиони евра на парламентарните партии, се коси со Законот за финансирање на политичките партии, од една страна ги става вонпарламентарните партии во подредена улога, а од друга страна незаконски испумпува јавни средства од Буџетот на РМ.

Потенцираме дека единствено со Законот за финансирање на политичките партии се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства и располагањето од страна на политичките партии, а со Одлуката на Владата незаконски им се доделуваат парични средства на парламентарните политички партии, чиј извор (Одлука на Владата на РМ) не е предвиден во Законот за финансирање на политичките партии.

Имено, член 20 од Законот за финансирање на политичките партии, изрично забранува политичките партии да се финансираат од државни и локални органи и од средствата предвидени со Буџетот на Република Македонија, а кои не се превидени во Законот за финансирање на политичките партии.

Потенцираме дека Одлуката на Владата, штом се реализира од страна на Собранието, ќе предизвика пробивање на рамката од вкупно предвидените 0.15 % од Буџетот на Република Македонија на годишно ниво, наменети за политичките партии.

Затоа Левица, преку својот овластен застапник, поднесе Барање за вршење посебна ревизија за усогласеност на одлуките и постапките на субјектите на ревизија- Собрание на РМ и Влада на РМ, со предвиденото во Законот за финансирање на политичките партии, а поради основано сомневање за незаконито доделување јавни средства на парламентарните политички партии.

Левица изразува револт против расипничкото однесување со народните пари. Парламентарните партии веќе располагаат со парични средства, стекнати на законит и незаконит начин.

Дополнителното доделување 80 милиони денари за потребите на застрашувачката и полна лаги „информативна“ кампања за престојната анкета (консултативен референдум) е недозволиво и недопустливо.

С к о п ј е

05.09.2018 година

Правен сектор на ЛЕВИЦА

levica

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ