ПРОГЛАС за бојкот на наместениот референдум за Северна Македонија

41490572_2353053771401509_6636754684650455040_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во очи на распишаниот илегален и манипулативен Референдум ЗА Северна Македонија (30 септември 2018), политичката партија Левица, како единствена антиестаблишментска и надетничка партија во Македонија, ја носи одговорноста јасно да каже дека:

  1. Резултатот од спроведувањето на „Договорот“ од страна на државните елити е понатамошно понижување на македонскиот народ, но и на сите националности во Македонија, како граѓани на европската балканска периферија. Во случај на силеџиско спроведување на „Договорот“ и покрај неуспешниот референдум – ќе биде потребна организирана и насочена акција на секојдневни протести и штрајкови преточени во нова есенска Црвена револуција. Во таков екстремен случај, само со излегување на улиците може да се спречи налудничавата операција на преименување!
  2. Државните корумпирани елити се плашат од одлуката на суверениот народ и затоа, спротивно на Уставот, распишаа консултативен референдум за барање совет – без обврска да го почитуваат мислењето. Не им верувавме и нема да им веруваме. Тие никогаш не си го одржаа Зборот, па нема да го одржат ни сега. Веќе не дозволуваме да нè лажат, етикетираат и манипулираат. Тие го немаат легитимитетот да владеат со нас!
  3. Т.н. „Преспански договор“ меѓу Заев и Ципрас е негација на народното право на самоопределување. Тој е само продолжение на делото на странските империјалистички центри за додавање на оваа стратешка територија кон својот воен НАТО сојуз, кој е надживеан реликт од времето на Студената војна. „Договорот“ наместо решавање на спорот со Грција, ќе доведе со раст на национализмот и шовинизмот во двете држави. Потребен е нов, рамноправен договор со грчкиот народ за градење заедничка иднина, без отстапки!
  4. Три децении властодршците од обете партии спроведуваат јалови „реформи“. Додека тие, богаташите, постојано се богатат – работниците постојано осиромашуваат. Корумпираните политичари, функционери и судии, во спрега со бизнисмените, ни ја упропастија животната средина. Планираат рудници на смртта во најплодниот земјоделски дел на Републиката. Ја аминуваат градежната мафија во урбаните центри. Тие се некадарни за владеење, бидејќи го фаворизираат приватниот пред јавниот интерес. Немаме никаква доверба во политичките елити, бирократите од власта и нивните приврзоци!
  5. Сограѓаните Албанци во Македонија ги користат како плашило за војна. Затоа, ги повикуваме сите Албанци да се потсетат на заедничката партизанска историја и да застанат против елитите на албанските партии. Одбранете го своето достоинство заедно со другите, не учествувајте во нивната фарса! Угнетените Албанци и угнетените Македонци имаат ист класен непријател!
  6. Секојдневно сме понижени со најниски плати во Европа, затоа што нашите жолти синдикати се тивки и неорганизирани. Наместо подобар живот и работа, цел живот ни ветуваат исти флоскули: „Европа“, „слободен пазар“, „борба со сиромаштијата“ и други илузии… НАТО не ги штити работниците, напротив тие се на страната на фабрикантите, олигарсите и експлоататорите. Потребни се неизвалкани, борбени синдикати!
  7. Давањето војници од Македонија на светските фронтови ќе дојде со два зла: прво, ќе започнат да ни враќаат мртви војници во лимени сандаци; второ – ќе дојдат одмазници да вршат терористички акции дома. Да ги заштитиме животите на нашите деца и да не ги пуштаме да гинат во туѓи војни!

 

Подобар свет е неопходен!

Подобар свет е можен!

#Бојкотирам

41490572 2353053771401509 6636754684650455040 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ