Работниците од прилепски Еурокомпозит повторно изиграни од Владата

levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во екот на скапата референдумска кампања, додека владејачката партија масовно пропагира и ветува правна држава, подобар живот и еднаков просперитет за сите, повторно работникот е заборавен и оставен на маргините да преживува. Владата на СДСМ уште еднаш го прекрши своето ветување за исплата на 16 неисплатени плати на работниците од прилепската фирма „Еурокомпозит”, со што се надоврза на целокупното нејзино владеење базирано на празни ветувања за социјална правда, непотизам и корумпирани скандали.

Очигледно продолжува традицијата воспоставена од претходната власт на ВМРО -ДПМНЕ со која ова претпријатие служи само за расипничко збогатување на партиските директори преку разни корумпирани зделки, додека на работниците им е ускратено основното право на достоинствен живот! Иако работниците побараа финансиска ревизија на досегашното работење на претпријатието, Владата континуирано намерно го игнорира ова барање за да ги заштити своите бизнис интереси и интересите на своето членство.

Оваа власт составена од бизнисмени и претставници на капиталот не ги штити правата на работниците, што екплицитно се гледа од манипулациите и измените во врска со ветувањата за минимална плата, нормираниот учинок и последното во низата, изневерените работници од „Еурокомпозит”. Единствено преку ефективно организирање во синдикати и работнички партии работниците можат да се изборат за своите права.

С к о п ј е
11.09.2018 година

Трудов сектор на ЛЕВИЦА

levica

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ