ИЗЈАВА ЗА СОЛИДАРНОСТ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

potpisuvanje

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

potpisuvanje

На 18 јуни владите на Р. Македонија и Р. Грција потпишаа договор кој тие го претставија како решение за спорот за името, спор кој влијаеше на односите помеѓу двете држави повеќе од 25 години. Несомнено е дека овој договор не е резултат на вистинска желба од двете страни да го решат националното прашање и да го зајакнат меѓуетничкото пријателство, туку се работи за потег наметнат од институциите на западниот империјализам, особено НАТО и ЕУ. Клучен показател за ова претставува фактот што македонската влада одлучи да одржи референдум на кој решавањето на проблемот за името директно го поврзува со влезот на Македонија во ЕУ (и НАТО).

Влезот на Македонија во НАТО би бил дополнителен чекор во проширувањето на оваа воена алијанса која, без сомнение, е најголема закана за светскиот мир во денешно време – низ целиот Балкан и ќе се наметне понатамошен притисок врз останатите земји кои не се членки (Босна и Херцеговина и Србија) да се приклучат кон овој сојуз, што ќе доведе до понатамошна дестабилизација на регионот. Експанзијата на НАТО е дел од неговата поширока геополитичка стратегија за обиколување на Русија како  главен конкурент во областа, како и за контрола на енергетските мрежи. Исто така, и за користење на балканските држави како ѕид за бегалците.

Освен преку поттикнување на локалниот национализам и влошувањето на етничките тензии за да ја продолжи својата агенда, НАТО се покажа како клучен фактор во задушувуањето на работнички и масовни немири во оние земји од регионот каде што има воено присуство.

Во однос на Договорот за спорот со името, ние тврдиме дека тоа не е метод преку кој може да се реши националното прашање. Напротив, овој договор зависи од негирањето на правото на самоопределување, преку ограничување на правото на македонскиот народ да ја именува својата држава и преку бришење на македонското малцинство во Грција. Притоа, договорот му служи на грчкиот национализам и претставува закана за влошување на меѓуетничките конфликти во регионот. Во таа смисла, ние веруваме дека на обидите на македонската владејачка класа да го наметнат овој договор врз сопствениот народ треба да им се пружи жесток отпор.

Ние, долупотпишаните организации, ја искажуваме нашата целосна поддршка и солидарност со народот на Македонија и со партијата Левица како политичка сила што ги претставува нивните интереси во борбата против проширувањето на НАТО и подреденоста на нивната влада. Ние веруваме дека важноста на оваа борба не може да биде прецената. Победата на антиимперијалистичките сили во Македонија би била значајна пречка за западната империјалистичка стратегија, со што ќе ги блокира воените планови на империјалистичката војска да ги прецрта границите на Балканот и ќе испрати шок бранови на инспирација и доверба во целиот свет.

Инспирирани од заедничката борба и револуционерното минато на нашиот регион, ние изјавуваме:

Смрт на империјализмот,

Смрт на шовинизмот,

Слобода на народот!

НАТО надвор од Балканот!

Партии од Грција: Нова Лева Струја, Работничка Револуционерна Партија, Организација на Комунистички Интернационалисти од Грција, Интернационална Работничка Левица

Организации од Србија: Маркс21

Партии од Турција: Револуционерна Работничка Партија, Лабуристичка Партија

42124198 728875957445558 2621447398081167360 n 42174156 2629732360587455 1000800690764775424 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ