Писмо за поддршка


Го објавуваме писмото за поддршка добиено од левичарската организација Радничка фронта од Хрватска. Балканската левица се спротиставува на наметнатиот т.н. Преспански договор од страна на западните елити чија единствена цел е принуден влез на Македонија во империјалистичкиот пакт НАТО преку насилна промена на нејзиното уставно име! Овој лажен договор не претставува никакво помирување помеѓу балканските народи и единствено служи за остварување на интересите на локалните и светските економски и политички елити. Интернационалната солидарност и помирување помеѓу народите единствено е можно преку заедничко делување и борба на угнетените и експлоатираните!

 

Драги другарки и другари,

Ова е нашето писмо за поддршка. Со вас сме! Да живее интернационалната солидарност!

Поддршка за македонската Левица

Радничка Фронта се залага за добри меѓународни односи и соработка помеѓу народите на рамноправна основа. Затоа конфликтите кои постојат помеѓу Грција и Македонија, а се потенцирани од нивните политички елити, се нешто против кое мораме да се бориме. Таквата националистичка политика нема ништо да донесе за обичниот народ на Македонија и Грција – национализмот не може да нè нахрани.

Но, тоа не значи дека неодамнешниот договор помеѓу двете политички елити – грчките и македонските – треба да се поддржи, колку и да е повеќедеценискиот спор штетен и непотребен. Од самото референдумско прашање е јасно дека тој договор не е создаден во духот на некаков прогресивен интернационализам и добра меѓународна соработка, туку според многу јасна геополитичка агенда.

Имено, Македонија, како и некои други земји, се наоѓа на фронтот помеѓу геополитичките и економските интереси на Западот (ЕУ и НАТО) и Русија. Целта на оваа иницијатива, на која се присилени Македонија и Грција од страна на западните елити, е конечното придобивање на Македонија во ЕУ и НАТО.

Притоа, не треба да се залажуваме дека тоа се организации кои имаат некакви чесни цели, туку ширење на моќта и влијанието на најмоќните и најразвиените земји на Западот и нивните економии – особено на САД и Германија, но и на неколку други држави.

Целите на НАТО јасно можат да се видат од примерот со Косово, каде НАТО во 1999 година не интервенираше од добрина, туку од многу јасни интереси кои можеме да ги илустрираме преку два факти. На Косово се наоѓа најголемата американска база на Балканот „Бондстил“, додека на чело на канадската корпорација „Енвидити Енерџи Инк.“, која го доби правото за експлоатација на јагленот на третина од косовската територија е токму Весли Кларк, поранешниот американски генерал.

Од друга страна, од примерот на Хрватска можеме да видиме колку се има остварено „медот и млекото“ кој ни го ветуваа при нашиот влез во ЕУ во 2013 година (преку референдум на кој имаше помалку од 50% излезеност, кој беше важечки заради планските измени во изборниот законик непосредно пред референдумот). Се што добивме е тоа што станавме сè уште неразвиена колонија на ЕУ, до тој степен што на пример не можеме сами да одлучуваме што ќе правиме со нашите бродоградилишта, туку мораме за тоа да го прашуваме Брисел, додека од земјата после влезот во ЕУ избегаа околу 300 000 луѓе (што можеби  е добро за тие поединци, но тешко дека е добро за хрватското општество како целина).

Заради ова даваме целосна поддршка на македонската Левица во борбата за социјално праведна Македонија која нема да биде играчка во рацете на најмоќните држави и империјалистичките меѓународни сојузи.

 

Drage drugarice i drugovi
evo naše pismo podrške. Uz vas smo! Živjela internacionalna solidarnost!

Podrška makedonskoj Levici

Radnička fronta se zalaže za dobre međunarodne odnose i suradnju među narodima na ravnopravnim osnovama. Stoga su sukobi kakvi postoje između Grčke i Makedonije, a koje potenciraju njihove političke elite, nešto protiv čega se moramo boriti. Takva nacionalistička politika običnom narodu u Makedoniji i Grčkoj neće donijeti ama baš ništa – nacionalizam se ne može jesti.

No to ne znači da je recentni dogovor dviju političkih elita – grčke i makedonske – nešto što bi trebalo podržati, koliko god višedesetljetni sukob oko imena Makedonije bio nesretan, štetan i nepotreban. I iz samog je referendumskog pitanja jasno da taj dogovor nije rađen u duhu nekakvog progresivnog internacionalizma i dobre međunarodne suradnje nego iz vrlo jasne geopolitičke agende.

Naime, Makedonija se, kao i neke druge zemlje, nalazi na fronti između geopolitičkih i ekonomskih interesa Zapada (EU i NATO-a) i Rusije. Cilj ove inicijative, na koju su Grčku i Makedoniju prisilile zapadne elite, je konačno pridobivanje Makedonije za EU i NATO.

Pritom se ne treba zavaravati da su to asocijacije koje imaju nekakve plemenite ciljeve, a ne širenje moći i utjecaja najmoćnijih razvijenih zemalja Zapada i njihovih ekonomija – ponajprije SAD-a i Njemačke te nekolicine drugih zemalja.

Ciljeve NATO-a možemo jasno vidjeti na primjeru Kosova, na kojem NATO nije 1999. intervenirao iz dobrote nego iz vrlo jasnih interesa koje možemo ilustrirati dvjema činjenicama. Na Kosovu se tako nalazi najveća američka baza na Balkanu Bondsteel, a na čelu je kanadske korporacije Envidity Energy Inc, koja je dobila pravo na eksploataciju ugljena na trećini kosovskog teritorija, nitko drugi do bivši američki general Wesley Clark.

S druge strane, iz primjera Hrvatske vidimo koliko su se ostvarili “med i mlijeko” koje su nam obećavali prilikom našeg ulaska u EU 2013 (preko referendumu na kojem je glasalo manje od 50% stanovništva, prema posebno i planski promijenjenom zakonu neposredno prije toga). Sve što smo dobili je to da smo postali još uvijek nerazvijena kolonija EU, do te mjere da npr. ne možemo sami ni odlučiti što ćemo raditi sa svojim brodogradilištima nego za to trebamo pitati Bruxelles, te da je iz zemlje od ulaska u EU pobjeglo oko 300.000 ljudi (što može biti dobro za te pojedince, ali teško da je dobro za hrvatsko društvo kao takvo).

Stoga pružimo svu podršku makedonskoj Levici u borbi za socijalno pravednu Makedoniju koja neće biti tek igračka u rukama moćnijih država i imperijalističkih međunarodnih asocijacija.

Социјални мрежи:
error0