Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Проглас за народна победа!

    Денес е ГОЛЕМ ДЕН во поновата македонска историја!

    Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине!

    Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во Отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните елити и го одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката.

    Според извори од нашите набљудувачи на терен, политичката партија Левица обзнанува дека Референдумот за промена на уставното име на Републиката, според домашните и меѓународните важечки регулативи, и официјално е НЕУСПЕШЕН!

    Во задолжителна правна сила останува плебисцитарно донесената одлука од Референдумот за независност 1991, каде што е утврдено единственото име на државата – МАКЕДОНИЈА.

    Во таа чест, делегација на Президиумот на нашата партија, вечерва во 20:30 часот, ќе се ПОКЛОНИ пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“.

    Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери да ни се придружат во ПРОСЛАВАТА на тешкостекнатата победа против владината пропаганда.

    Истовремено, ја повикуваме Владата на РМ, поради целосното губење на легитимитетот, под итно да поднесе неотповиклива ОСТАВКА, а Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори!

     

    #ПодобарСветЕНеопходен

    #ПодобарСветЕМожен

    #СмртНаИмперијализмотСлободаНаНародот

    #Vdekje fashizmit, liri popullit

    #БојкотирамПобеди

     

    Најнови објави