Анализа на сектор-здравство во однос на одлуката психолозите да се интегрираат во здравствениот систем

20180423195457

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

20180423195457

 

Одлуката да се вклучат психолози во системот на здравствена заштита сама по себе е за поздрав.  Но често се случува добри парцијални мерки да се воведуваат во неправеден и неорганизиран систем (каков што е овој) при што испаѓа дека мерките биле лоши уште од почетокот, а со тоа се дискредитира и секоја нивна идна примена. Поради тоа, во поглед на оваа мерка потребно е да се посочат неколку нешта.

 

  • Една од главните цели на оваа мерка е да се намали со претераната употреба на седативи, антидепресиви и анксиолитици. Но, таа цел нема да се оствари доколку не се стави под контрола прометот со овие видови лекарства како на големо, така и на мало. Според тоа, заеднички бази на податоци и заеднички софтвер на сите здравствени установи вклучени во системот на здравствена заштита би биле нужен предуслов за ефикасно ограничување на нивната употреба и спречување на нивна злоупотреба.  Понатаму, на ниво на примарна здравствена заштита, мора да се ограничи нивното препишување. Но, тоа не треба да биде како досега, со ограничување на количината која лекарите смеат да ја пропишат, туку со нивна заштита од притисоците на пациентите да ги пропишат. И за едното и за другото, главна пречка е приватната сопственост (на софтверите и на здравствените установи). Доколку и понатаму пациентите лесно може да дојдат до ваквите лекарства, сето она што од едната страна психолозите ќе го постигнат со својот труд, на другата страна ќе се поништува преку непотребното земање на лекови.

 

  • Психолозите се немедицински лица, па од клучна важност ќе биде правилната селекција на пациентите кои ќе бидат упатувани кај нив. Во оваа смисла, повторно е од клучна важност таа селекција во најголем дел (освен во специфични случаи) да се одвива на ниво на примарна здравствена заштита, се со цел да се растоварат специјалистите за времето да им го посветат на оние на кои вистински им е неопходна нивната помош.

 

  • Многу е важно во оваа мерка да не навлезе бизнис логиката и, како и кај сé останато, не го неутрализира целиот нејзин полезен ефект за целината на општеството. Поради тоа, вреди да се размислува сите психолози, кои ќе ги интегрираат во системот на здравствена заштита, да бидат под државна закрила. Мит е дека без профитниот мотив не би биле стимулирани да го вложуваат максимумот од сопствените потенцијали – државата како и секој друг може да врши контрола на квалитетот на услугите кои ги дава.

 

  • Мора да се има во предвид дека оваа мерка ќе има ограничен досег, и тоа не поради ограниченоста на дисциплината како таква, туку поради тоа што психолошките проблеми со кои се соочува населението не се целосно психолошки по природа. Имено, тешката економска состојба го тангира личниот саморазвој и самоостварување на секој поединец. Иако нивното спречување нужно резултира со разорни последици на психолошки план, сепак се работи за предимно економско – политички, а не психолошки или здравствен проблем. Според тоа, доколку оваа мерка не е проследена со конкретни ефикасни мeрки за намалување на сиромаштијата, унапредување на работничките и социјалните права, тогаш таа не само што ќе биде парцијална, туку во суштина ќе биде идеолошки маневар за сокривање или избегнување на погубните последици од неолибералните економски политики.  Не може пустошот од економијата да го поправа било која друга поединечна дисциплина, па ниту психологијата и медицината.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ