Вештачкото пропаѓање на јавното здравство за да се понуди „решение“ на приватизација мора да престане

levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Долгогодишното трупање на проблемите во здравството и немање на политичка волја, но и визија за решавање на истите кулминираше со протест пред ФЗОМ на здравствените работници, општи и лекари стоматолози. Политиката на казни која ја наметна ФЗОМ не вроди со подобрување на квалитетот на дадената здравствена заштита туку имаше за цел преку бирократски наметнати правила кои не се оправдани од медицинска гледна точка да им го скрати и така нискиот прилив на средства на здравствените работници во моменталниов здравствен систем. Приоритетите и на оваа Влада не се во насока на реформирање на здравствениот систем кој очигледно не функционира, туку да продолжи со неговата приватизација преку предлози за градење на нови јавно – приватни партнерства кои по дефиниција значат приватизација на здравството. Ние како партија остро ќе се противиме и бориме против оваа пракса!  Практиката на вештачко пропаѓање на јавните здравствени установи со цел да се понуди „решение“ на приватизација МОРА да престане!

Левица се залага за враќање на примарната здравствена заштита под државна капа како едно проверено решение кое функционираше.

Здравствен сектор – Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ